Босанската инфлуенсерка Хана Хаџиавдагиќ го прослави 42-от роденден со раскошна тематска забава во Загреб. За таа пригода, Хана се облекла како француската кралица Марија Антоанета, позната по раскошниот начин на живот и екстравагантниот стил.

На прославата доминирале костими инспирирани од историски личности, раскошни фустани и кралски гламур.
Иако нејзиниот роденден е дури на 1 ноември, Хана одлучила да го прослави неколку дена порано. Инфлуенсерката ги собрала своите пријатели и сопругот Тарик Табаковиќ на вечера каде што имало мноштво имагинативни костими и добра атмосфера.

Хана го привлекла вниманието со костимот инспириран од Марија Антоанета, а целата прослава беше направена во духот на кралскиот двор. Инфлуенсерката, која е позната по впечатливи модни комбинации, и овој пат избрала несекојдневна тема за својот роденден.
View this post on Instagram
