09:15 - 13 ноември, 2026

ЕЛЕНА РИСТЕСКА СО ЕМОТИВНА ОБЈАВА ВО СПОМЕН НА НЕЈЗИНИОТ ТАТКО: Не сакам да прифатам дека те нема

елена ристеска

Загубата на родител е најтешката ситуација со која се соочува еден човек и колку и да поминува време, празнината што останува не може да биде пополнета. Пејачката Елена Ристеска го загубила татко ѝ во 2016 година по борба со тешка болест.

Елена честопати споделува нешто во негов спомен. Овој пат пејачката со болка се присетува на последениот поздрав со нејзиниот татко.

– На овој ден пред 5 години беше нашиот последен поздрав со твоето тело, но душата твоја не’ напушти на 29ти. И секогаш мислев дека на денот на починувањето ќе ми биде најтешко и секој следен таков датум, ама потешки се деновите кои доаѓаат после тој ден. „Полни“ се сите денови со празнина. Ќе рече некој душите не не’ напуштаат, не знам колку е вистина тоа ама мене ми е единствената утеха со која одбирам да живеам. Не сакам да прифатам дека те нема, ама максимум што можам да прифатам е да мислам дека си некаде далеку во друга држава и дека ти е најубаво, дека затоа не си тука. Знам дека си горд на мене и дека се’ гледаш и се’ слушаш и знам дека уште повеќе беше горд кога пеев и нижев успеси со музиката,но само ти можеш да ме разбереш кога душата ми тагува и не и’ е до песна, и кога целиот предизвик, елан и мотивација ќе ти избегаат некаде далеку. И затоа полесно ми е да работам нешто друго а не музика. Ама ветувам пак ќе пеам како некогаш , ти го должам тоа тебе за да се гордееш од горе и секако на тие кои ме сакаат. Ти напишав јас песна, ама кога ќе соберам храброст и сила ќе ја објавам… Не постои љубов како твојата Тато, стои во емотивната објава на Елена Ристевска во спомен на нејзиниот татко.

Слични објави

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо
Се вчитува....