14:36 - 21 ноември, 2026

Екипата од серијата „Ало Ало“ повторно се собра, а сите очи беа свртени кон хер Флик! (ФОТО)

Дали би ги препознале денес?

Вики Мишел која ја обожававме во улогата на Мишел во култната британска комедија, сподели симпатична фотографија од своите драги пријатели и колеги.

Шармантната актерка неодамна ги израдува своите следбеници, кога на социјалната мрежа Инстаграм сподели фотографија на која позира со колегите од серијата „Ало Ало“ – Ким Хартман (Хелга), Ричард Гибсон (хер Ото Флик) и Гај Синер (капетан Грубер).

Со оглед на тоа дека оваа легендарна телевизиска серија се смитуваше од 1982 до 1992 година, поминаа децении откако ги видовме овие актери во улогите кои им донесоа светска слава, па многумина обрнаа внимание на тоа колку им се промениле ликовите во меѓувреме. Сепак, покрај тоа што дамите на фотографиите до ден денес останале вистински убавици, најмногу внимание привлече Ричард Гибсон. Актерот изгледа како од неговата улога на хер Флик да поминале само неколку години, а не дури 3 децении.

Слични објави

(Фото) Од борбата повторно да застане на нозе до уживањето во ледените води – Ледената кралица Бетика покажа што ја прави среќна

apostolova

Зорица Брунцлик за тешкото детство: „По разводот, кај мајка ми јадев едно јајце поделено на четири“

К.С.

„Можете да ме побарате на телефон“ – Ребека Јанковска-Ристески им понуди поддршка на родителите на деца со посебни потреби

Еспресо

Денеска е Аранѓеловден — што не треба да правите на големиот празник посветен на Свети Архангел Михаил?

К.С.

Дино Мерлин: „Татко ми замина кога имав седум години, а мајка ми правеше сè да нè изведе на прав пат“

Е.А.

Мирис на домашна кујна — рецепт за посни колачи со ореви што се топат во уста

К.С.
Се вчитува....