13:08 - 7 април, 2026

ЕДНОСТАВНО И СЕКСИ: Модниот стил на Брижит Бардо кој му одолева на времето (ФОТО)

Брижит Бардо е родена на денешен ден пред 85 години, а нејзиниот стил и денес сè уште се следи.

Сексапилот на Брижит Бардо никогаш не зависел од длабочината на нејзиното деколте. Нејзината привлечност не била резултат на провокотивното облекување, туку на нејзиниот став благодарение на кој изгледала привлечно и во најобични фармерки и маица.

Балетанките се закон

Ако некој е заслужен за глобалната популарност на балетанките, тогаш тоа е Брижит. Глумицата во 1956 оние што ги носеле балерините и така е роден моделот на балетанки наречени „Сендрилон“, кој денес го обожаваат жените ширум светот.

Profimedia

Негувајте ја својата препознатлива фризура и шминка

Брижит била препознатлива по долгата распуштена брановидна коса или лежерната пунџа со шишки. Нејзината шминка била многу едноставна – со алјалнер извлекувала „мачкаста“ линија на капаците.

Инвестирајте во еден бомбастичен коктел фустан и носете го често

Не ви треба шкаф полн со фустани, за да бидете ефектни доволен е еден, на кој секогаш ќе му бидете верни, само треба да го надополнувате и да го менувате со нови модни додатоци. Тоа го правела и Брижит, која секогаш се навраќала на тесниот модел до колена, кој ја нагласувал нејзината фигура.

profimedia
cinched_in_original
Profimedia

Ултимативниот „бардо“ изрез

Иако поради нејзините улоги ја памтиме како изразено сексапилна и разголена, во приватниот живот не негувала провокативен стил на облекување. Брижит е заслужна за популаризација на таканаречениот „бардо“ изрез, односно голите раменици.

1950s

Слични објави

(Фото) Милица Тодоровиќ ја објави првата фотографија со синот Богдан: Го напуштија Белград, еве каде уживаат сега

Еспресо

(Фото) Најдобар татко на 4 деца: Сопругата не престана да го фали музичарот Папаз

msp-admin

(Фото) Нина Црнокрак доби важна титула, стана Мис тинејџерка на галаксијата 2026“, гордиот татко Мики се пофали

msp-admin

(Фото) Братот на Мина Наумовиќ е сон на многу жени

E.A.

(Фото) Отакако се омажи, Дани Димитровска го смени животниот стил

msp-admin

Хороскоп за 7 април: Раковите носат важна одлука од срце, Водолиите прават чекор кон слобода

Еспресо
Се вчитува....