9.8 C
Скопје
22:09 - 19 февруари, 2026

Еден ден пред 13-годишницата од смртта на нашиот Проески, Цетински напиша: „Ме прашуваш каде сум и што правам? (ВИДЕО)

Во пресрет на 13-годишнината од смртта на нашиот Тоше Проески, неговиот голем пријател и колега, хрватскиот пејач Тони Цетински со своите обожаватели сподели дека никогаш нема да го преболи заминувањето на неговиот пријател, соработник и колега.

„13 долги години. Утре некаде во ова време нѐ напушти физички, но само физички брате мој. Не ми се верува колку многу ми недостасуваш денес и колку сѐ уште ни е тешко што си замина прерано. Животот навистина не е фер“ – напиша Тони.

„Ме прашуваш каде сум и што правам? Плачам, да, плачам. На пат сум, секако, и има одвратен дожд, но твојата насмевка е надежта која ни е толку потребна во овие чудни и зли времиња. Ќе биде сѐ во ред додека те имаме тебе кој нѐ чуваш со својата присутност, песни и целата добрина што ја остави на оваа планета. Ти си ангел на добрината. Знам дека нѐ чуваш како што и ти мора да знаеш дека си секогаш во нашите молитви. Те сака твојот брат“, додаде Цетински.

Нашиот непребол, Тоше Проески, загина во сообраќајна несреќа на автопат кај местото Нова Градишка во Хрватска. 26 годишниот Тоше за време на судирот спиел на совозачкото место…

Слични објави

Јаков Јозиновиќ проговори за приказните за авторските права, но и на обвинувањата дека „позајмил“ песна од колега

Е.А.

„Поради него ми закануваат со смрт“: Новата врска на Гастоз и Тина Аморе предизвика бурни реакции на фановите

Е.А.

Рада Манојловиќ купила стан за 250.000 евра, а луѓето ја исмејувале затоа што возела „пежо“

Еспресо

„Не е вистина дека ми се слошило“: Снежана Ѓуришиќ се огласи по скандалот со синот

Е.А.

(Фото) Српскиот тенисер ужива со фаталната актерка на планина: Сите зборуваат колку е убава

Еспресо

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо
Се вчитува....