14:11 - 1 април, 2026

Душко Тошиќ купи луксузен имот од 100.000 евра: Планира да ужива таму, куќата има и базен

Поранешниот сопруг на Јелена Карлеуша, фудбалерот Душко Тошиќ, купил луксузен имот во близина на Зрењанин.

Според изворите, викенд-куќата ќе му служи на Тошиќ да ужива во жешките летни денови, далеку од градските метежи и очите на јавноста.

Станува збор за имот од 100 квадратни метри за кој тој платил околу 100.000 евра, според изворот.

Куќата има модерен базен, до кој се наоѓаат удобни софи и лежалки, идеални за попладневен одмор и сончање, особено поради прекрасниот поглед на околната природа, за кој изворот додава дека „вреди милион евра“.

„Душко сакал место каде што ќе може да избега од Белград, да се опушти и да ужива во тишината. Зрењанин е блиску до неговиот роден град и поради таа причина е врзан за таа област. Сè средило за да изгледа врвно, а планира поголемиот дел од времето да го поминува покрај базенот со пријателите и семејството“, открива извор за Информер.

За потсетување, Душко моментално е на одмор во Палма де Мајорка, каде што ужива со своите ќерки Атина и Ника.

Слични објави

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.
Се вчитува....