6.8 C
Скопје
08:27 - 30 март, 2026

Драгана Мирковиќ отворено: „Пари веќе немам, кешот за мене е апстрактна именка“

Пејачката откри дека нема пари поради инвестирање во хуманитарна турнеја, а признава дека немала помош од се уште законскиот сопруг.

– Пред две години се одлучив за хуманитарни концерти. Отпрвин не сакав да кажам дека е хуманитарно, сакав да ги продадам тие арени, знаете какви се нашите луѓе, одма би рекле: „Ех, тоа ѝ е реклама“, мислам, не ми се допаѓа тоа. Како Драгана Мирковиќ да не може да продаде две белградски арени… Мислам, не дај Боже! Ако не можам да го направам тоа, тогаш подобро да не пеам повеќе. Злобните луѓе би го искористеле тоа против мене. Дури кога се продаде, реков дека комплетната турнеја на Балканот е од хуманитарен карактер – изјави на почетокот Драгана Мирковиќ за порталот 24сата.хр.

– Само за Загреб сумата беше 20 илјдаи евра. Организаторот ме праша колку, му реков – двојно! За Домот за деца. Тоа се мои 20 илјади евра, не од концертите. Подготвена сум на сите трошоци! Не е важно дали сега имам пари или немам. Немам проблем со тоа дали сум јас ѕвезда или денес тука сум чистела! Тоа не ме менува мене, како личност. Тоа што јас работам, може само плус да ми биде – додава пејачката.

– Моментно немам пари, се отиде на хуманитарни концерти, тоа лесно се докажува. Кешот моментно е апстрактна именка за мене. Никој не ми помага, ни мојот сопруг! Тој смета дека тоа е моја одлука тоа да биде хуманитарно. Мажите се тука малку постудени. Тоа не ги менува работите, јас кажав дека така ќе биде, и ќе биде така – истакнува Мирковиќ за 24 сата.

Инаку, Драгана и Тони веќе не се „следат“ на социјалните мрежи. Познато е дека нивните деца, Марко и Мануела останале да живеат во Австрија, каде што и пораснаа, а дека Тони се отселил со новата избраничка во Германија.

 

Слични објави

Хороскоп за 30 март: Овните прават важен чекор, Раковите конечно наоѓаат внатрешен мир

Еспресо

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova
Се вчитува....