6.8 C
Скопје
13:56 - 26 декември, 2024

Додека смртта не нè раздели или пак не? Браковите на некои познати личности траеле помалку од мамурлакот на свадбата

Дека славните знаат да изберат погрешно докажуваат бројните ѕвезди кои и покрај тоа што се заколнале на верност во добро и во лошо, брзо се предомислиле. Разводот следел многу побрзо отколку што можете да замислите.

Светозар Маринковиќ и Робин Гивенс: Седум минути

Љубовта на инструкторот по тенис Светозар Маринковиќ и поранешната сопруга на Мајк Тајсон, Робин Гивенс, не траела долго. Во брак издржале седум минути и така го поставиле рекордот.

За За Габор и Филип Де Алба: Еден ден

За За исто така е рекордерка. Актерката имала девет пропаднати бракови, па тешко е да се процени кој бил љубовта на нејзиниот живот.

Николас Кејџ и Ерика Коик: Четири дена

Николас Кејџ по само четири дена побарал развод од мејкап артистката Ерика Коик. Тие на изненадување на многу се венчале во Лас вегас на 23 март, а само неколку дена потоа се случила пресвртница, која никој не ја очекувал. Откако со трезна глава размислил што направил, актерот одлучил да се разведе од неговата 21 година помлада избраничка.

Бритни Спирс и Џејсон Александер: 55 часа

За овој брак многу се пишуваше во сите таблоиди. Пејачката се венчала со својот пријател од детството во Лас Вегас, за на крајот бракот да биде поништен за само неколку дена.

Шер и Грег Алман: 9 дена

Двајцата музичари се венчале на 30 јуни 1975 година, а на 9 јули истата година поделе барање за развод. Барањето им било одбиено, па поднеле ново во ноември истата година.

Памела Андерсон и Џон Питерс: 14 дена

Актерката, активистка и поранешната плејбој-зајачица Памела Андерсон (52) кон крајот на јануари во тајна церемонија му рекла „да“ на филмскиот продуцент Џон Питерс (74). Но, нивната љубов не издржала дури ни еден месец, па после 14 дена одлучиле да се разведат.

– Животот е патување, а љубовта процес – рекла таа, заблагодарувајќи им се на сите за почитувањето на нејзинита приватност.

Памела пред олтар била четирипати пред тоа. Рокерите Томи Ли (57) и Кид Рок (49) не се покажале како вистински избор за неа. Со Рик Саламон (51) се венчавала и се разведувала двапати.

Дру Баримор и Џереми Томас: 29 дена

Холивудската актерка нема среќа со браковите. Иако ниту бракот со Томас Грин не траел долго, оној со Томас траел уште пократко. Бракот траел неполн месец, а разводот бил конечен после помалку од една година од венчавката.

Ким Кардашијан и Крис Хамфрис: 72 дена

Ријалити ѕвездата и кошаркарот го кажале судбоносното „да“ пред телевизиска камера, а венчавката чинела неверојатни 10 милиони долари. И покрај тоа побарале развод после 72 дена. Ким Кардашијан им открила на медиумите дека ги разделиле непремостиви разлики. Но многумина верувале дека бракот е само добар промотивен трик.

Слични објави

Тијана Дапчевиќ се огласи на Инстаграм за скандалот: Пејачката вели дека некој ѝ го сменил текстот без нејзино знаење

Еспресо

(Фото) Живот со стил во божиќната Виена: Елена Најдоски блесна во прекрасни модни комбинации во австриската престолнина

Еспресо

(Фото) Аница објави никогаш видена фотографија со Лазар Ристовски: Таа го гушка, актерот пресреќен!

Еспресо

Се потпишаа 14.000 луѓе: Покрената петиција против новогодишниот настап на Јелена Карлеуша во Крагуевац

Еспресо

„Рампата беше спуштена, само рекоа…“: Гога раскажа сè за синоќешното приведување на границата со Хрватска

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ го честиташе Божиќ: Ѕирнете во празничната идила во домот на пејачката!

Еспресо
Се вчитува....