14:27 - 2 април, 2026

Џон Војт, таткото на Анџелина Џоли решително против Бајден: „Тоа е борба против сатаната“

Славниот холивудски актер Џон Војт (81), а воедно и познат како татко на актерката Анџелина Џоли, никогаш не криеше дека го поддржува Доналд Трамп, а борбата против победата на Џо Бајден на претседателските избори денес ја нарече „најголемата борба од граѓанската војна“, пренесува Би-Би-Си.

Ова е борба на праведните против сатаната. Да, сатана, рече Војт.

Војт е долгогодишен пријател на Трамп и татко на Анџелина Џоли, која е специјална претставничка на ООН за бегалци, но не е приврзаник на сегашниот претседател.

Војт и се обрати на американската јавност, зборувајќи за „лагите со кои Бајден се служи“, а притоа, тој го поддржа Трамп дека изборите во САД биле „украдени“.

Славниот актер го крена гласот против „злобните, расипани левичари кои сакаат да внесат раздор во нацијата“.

Војт се појави на инаугурацијата на Трамп и на Конгресот на Републиканската партија, а исто така учествуваше и во кампањата.

Слични објави

(Видео) Јаков Јозиновиќ ѝ одговори на Карлеуша: „Публиката го даде одговорот“

Еспресо

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо
Се вчитува....