12:48 - 7 ноември, 2026

Детали за круната на кралот Чарлс: Вистинско богатство од 444 скапоцени камчиња со тежина од над 2 килограма

Прекрасната круна на Свети Едвард, официјалниот амблем на британската монархија, е земена од Лондонската кула, каде што се чува како централен дел на накитот на кралското семејство и сега се работи на неа на промена на дијаметарот за да одговара на главата на кралот Чарлс III, во пресрет на церемонијата на крунисување, закажана за 6 мај следната година во Вестминстерската опатија, осум месеци откако се случи наследувањето на тронот по смртта на Елизабета II.

Круната, направена во 1661 година за кралот Чарлс II Стјуарт е висока 30 сантиметри, широка 66 сантиметри и тешка 2,23 килограми.

Составена е од основа со четири лилјани испреплетени со четири крста, над кои сводовите надвиснуваат глобусно завршувајќи во голем крст. Внатрешниот дел е кадифен, а на надворешниот блеска вистинско богатство.

Имено, круната е изработена од 22 каратно злато, со 444 скапоцени камчиња: 345 аквамарини берил, 37 бел топаз, 27 турмалини, 12 рубини, 7 аметисти, 6 сафири, 2 циркона, 1 гранат, шпинел и алмандин.

Слични објави

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.
Се вчитува....