30.8 C
Скопје
20:38 - 31 август, 2026

Да се потсетиме на едно од ретките зачувани интервјуа со легендарната Сашка Петковска, која прерано го загуби животот во сообраќајна несреќа

Сашка Петковска беше една од највпечатливите македонски пејачки на забавната музичка сцена во седумдесеттите години. Нејзиниот музички пат беше краток, но остави трага, а нејзината прерана смрт во сообраќајна несреќа на 31 август 1983 година ѝ ја прекина кариерата на само 31 година.

Петковска го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа на патот Куманово – Свети Николе, додека била на турнеја. Во несреќата загинале девет лица, а 13 биле повредени. Меѓу загинатите имало и членови на првата македонска балетска група „Авона“. Покрај Петковска, животот го загубиле Валентина Алексовска, Билјана Здравков, Перса Икономска, Венко Панговски, Никола Петковски, Владо Станковски, Томо Трифун и Драгомир Жикиќ, објави „Викимедиа“.

Денес, повеќе од четири децении по нејзината смрт, за Сашка најчесто се зборува низ нејзините песни и настапи. Но особено драгоцени се ретките сведоштва во кои таа самата зборува за својот живот, музиката, љубовта и разочарувањата што ги носела професијата.

Едно такво сведоштво е интервјуто објавено во „Екран“, во кое Сашка, тогаш студентка на трета година, зборува отворено за промените во својот живот и за тоа како со текот на времето почнала поинаку да ги гледа успехот, кариерата и среќата.

Насловот на интервјуто е „Повеќе резигнација од разочарување: Сашка Петковска“, а поднасловот гласи „Една нова Сашка“. Во продожение ви го пренесуваме целото интервју.

ЕДНА НОВА САШКА

Не е случајно токму ликот на Сашка Петковска на насловната страница од денешниов „Екран“. Еве ја одново Сашка по 90 броја, повторно на кориците на „Екран“. Нов „Екран“, но и нова Сашка, би била нашата импресија по подолгиот разговор што деновиве го водевме со неа.

ПЕРИОД

Во овој временски период зад неа се 10 фестивали и шест турнеи во странство, од кои онаа во СССР траеше цели три месеци. Зад неа се искуствата од двегодишна работа во светот на шоу-бизнисот. И две факултетски години, по кои наместо бруцош, пред нас стои Сашка, студент на третата година.

Но повеќе од сè зад неа е едно големо животно искуство. Можеби едно големо разочарување?! Можеби повеќе резигнација отколку разочарување.

– До пред кусо време сосема поинаку ги сфаќав вредностите на животот. Заамбицирана и полетна, а можеби и затоа што бев на стартот, мислев само на тоа што повеќе да настапувам, што повеќе да постигнам. Тогаш мислев дека единствената сатисфакција на човекот е неговата професија. А сега, сега веќе сфаќам дека постојат уште многу вредности кои исто така можат да го исполнат човекот и да го направат среќен.

Сето тоа е кажано со тон на човек кој долго размислувал и формирал свои животни ставови. Но, дали тие, така брзо пресечени чувства, не го изменуваат и самиот човек во неговата суштина.

-Се чувствувам празно, но можеби само затоа што ми треба време одново да се вклопам во начинот на живеењето од кој бев некако насила извлечена. Ми недостасува домот, го барам и ми е драг кога ќе бидам во него. А и луѓето…

ЉУБОВ

Ех, љубовта, таа чини сè како да зборуваат очите на Сашка, и покрај тоа што се обидува да биде таинствена.

– Љубовта… не само како пресуден, туку можеби како многу важен фактор во размислувањата. Но, освен тоа, тука се и факултетот, родителите, пријателите.

Значи, сепак љубовта. Но дали таа ја потиснала љубовта кон песната, кон кариерата?

– Љубовта кон музиката е вечна. Таа ќе остане како мој составен дел. Но по долго време сфатив дека ние, пејачите, сме само минијатури кои се движат по желбите на разните продуценти, менаџери, композитори… Треба многу да се жртвува за да се зачува достоинството ако се живее во тој свет. Се чини дека јас затоа немам ниту сили ниту можности.

Така вели; а сепак не може да остане рамнодушна кон мелодијата што во моментот се слуша од вклучениот грамофон.

-„Ве љубам од сентиментални причини“ – вели мелодијата. „Извонредна е“, вели Сашка, а во очите ѝ светка некоја чудна светлина.

Рековме дека таа е една нова Сашка. Ако со ова не ви ја прикажавме достатно и во нејзината нова расположба, можете да го побарате стариот „Екран“, па споредете ги.

Интервјуто што беше објавено во „Екран“ беше споделено на фејсбук-страницата Битола стари фотографии.

фото/Фејсбук/Битола стари фотографии
фото/Фејсбук/Битола стари фотографии

Слични објави

Тамара Тодевска и Лука уживаат во прекрасното зајдисонце на Козјак

Еспресо

(Фото) Нина Бадриќ веслаше кајче на Свети Наум и порача дека ова е рај!

Еспресо

(Фото) Србија ја избра својата мис Универзум, таа е медицинска сестра од Чикаго

Еспресо

Саша Ковачевиќ со нетрпение го очекува раѓањето на синот: „Не се одвојувам од Зорана, го следам секој чекор на бебето“

Е.А.

„Сестра ми доби стан од родителите, јас ништо“: Водителката Јована Јеремиќ проговори за семејна неправда до хорор во детството

Е.А.

Д-р Иги: „Би дал сè само братот да ми е жив, а не ми дозволуваат ни да посвојам дете“

Е.А.
Се вчитува....