13.8 C
Скопје
22:27 - 11 октомври, 2026

Тамара Тодевска и Лука уживаат во прекрасното зајдисонце на Козјак

Пејачката Тамара Тодевска последниот викенд во август реши да го помине во природа со нејзиниот партнер Лука Радовиќ. На Инстаграм сподели фотографија од Козјак, на која двајцата опуштено уживаат во зајдисонцето и погледот кон природата.

Фото: Принтскрин / ИнстаграмТодевска и Радовиќ се во врска околу три години. На почетокот на годинава во медиумите се појавија шпекулации дека раскинале, откако пејачката ги избриша нивните заеднички фотографии од Инстаграм. Тамара тогаш ги демантираше гласините и кусо порача: „Никогаш не сме престанале“.

За нивната љубов Тамара поопширно зборуваше и во претходно интервју за „Слободен печат“, откривајќи што најмногу ја привлекло кај Лука.

„Спонтаноста, едноставноста, позитивната енергија се секогаш особините што ме привлекувале… Лука е многу внимателен и посветен. Оттука, јасно е зошто добро функционираме“, изјави Тамара.

Во поново интервју за „Слободен печат“, пејачката рече дека во овој период од животот не ѝ се потребни големи нешта за да биде среќна. Таа раскажа дека ѝ е доволно да ги гледа среќни своите деца, партнерот и најблиските, додавајќи дека во последниот период чувствува дека „сѐ си е на свое место“.

Паралелно со убавите моменти на приватен план, Тодевска е пред почетокот на ново поглавје во кариерата. На 3 септември ќе биде објавен нејзиниот визуелен албум „Кукла жива“, кој содржи 10 песни, 10 различни приказни.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ предизвика реакции во Србија поради песна од Томпсон, дел од јавноста бара бојкот на концертите

К.С.

„Немам време за себе“ – реченицата со која полека се ставаме на последно место

Еспресо

Нова диплома за Марија Панчева: Ќерката на Маја и Дарко го заврши и вториот факултет

Еспресо

Сузана Манчиќ го продаде станот и откри зошто нејзиниот сопруг спие во хотел: „Кога го виде тоа, донесе одлука“

Еспресо

(Видео) Андрија Милошевиќ ги стопи срцата на сите со видео од дома: Неговиот син го снима и се смее на глас

Еспресо

Чолиќ го испратил возачот пред зградата на српската пејачка! Она што ѝ го дал ќе го памети до крајот на животот

Еспресо
Се вчитува....