5.8 C
Скопје
02:57 - 1 април, 2026

ЧЕШКА ПЕЈАЧКА НАМЕРНО СЕ ЗАРАЗИЛА СО КОВИД, СЕ ПОФАЛИЛА НА РОЗОВА ИДНИНА: „Животот е тука и за мене и за вас“, напишала таа во објавата и ги поканила своите следбеници да го сторат истото, но за жал починала!

Фолк пејачката Хана Хорка на социјалните мрежи се доверила дека намерно се заразила со вирусот за да не прими вакцина против ковид и да се врати во нормален живот. Но, таа починала.

Хана доброволно побарала да се зарази со ковид вирусот, за да се врати во живот. Но, сепак, се сретнала со смртта. 57-годишната пејачка на Фејсбук се доверила дека се заразила со вирусотна свесен начин за да не мора да ја прими вакцината. „Животот е тука и за мене и за вас“, напишала таа во објавата и ги поканила своите следбеници да го сторат истото.

На веб-страницата на Асонанс, чешката фолк група во која членувала Хана Хорка, се појавува кратка порака за збогување – некролог во кој не се наведени причините за ненадејната смрт на пејачката. Но, затоа пак, нејзиниот син, уметникот Јан Рек, „вресна“ на социјалните мрежи со пораката  „Мајка ми сакаше да се разболи за да добие ковид-пропусница“, напишал Рек.

Претходниот коментар, инаку, на Рек бил избришан од него самиот, а бил гневен и гласел дека ги презира антиваксерите и теориите кои ја убиле неговата мајка на 16 јануари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by g1 (@portalg1)

Пејачката Хорка не била вакцинирана, нејзините колеги ја помнат како весела и позитивна. „Ужасно е тажно да се види како дури и веселите и позитивни луѓе можат да подлегнат на бесмислени глупости за да имаат своја верзија за науката. Беше среќна на позитивноста на нејзините од семејството, беше среќна што се зарази и си замислуваше розова иднина“, коментирал нејзиниот колега на Фејсбук, музичарот Мирослав Хлавичка.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....