10:50 - 2 април, 2026

Бритни Спирс стана сликарка и ќе има изложба! (ФОТО)

За сега не се познати деталите од изложбата, па фановите не знаат дали Бритни ќе биде на отварањето. Се знае само дека изложбата се вика „Sometimes you just gotta play“.

Бритни Спирс (38) може да се пофали со уште еден талент. Освен што пее, глуми, танцува и дизајнира облека, таа во 2017 година заплива и во сликарските води. Сега галеријата во градот Фигеац во југо-западна Франција најавила отварање на првата самостална изложба на американската ѕвезда и тоа во сабота на 18 јануари.

Instagram

Други детали се уште не се познати, па фановите не знаат дали Бритни ќе биде на отварањето. Се знае само дека изложбата се вика „Sometimes you just gotta play“.

Инаку „поп-принцезата“ неодамна ги загрижи фановите на друштвените мрежи. Таа објави фотографии на кои позира во костим за капење, а изгледа, во најмала рака, исцрпено.

Instagram

Освен уморното лице, пријателите ја приметиле и нејзината неуредна шминка и фризура.

„Бритни, дали си добро? Ме загрижуваш деновиве“, „Изгледаш како некаде да те држат заложник“, „Што изведуваш? Собери се“, „Поубава си природна без темната шминка“, се само некои од коментарите.

Слични објави

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски раскажа неверојатна случка

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо
Се вчитува....