17.8 C
Скопје
19:52 - 22 октомври, 2026

Бритни Спирс ги искара фановите кои ѝ испратиле полиција: „Отидовте предалеку, ми ја нарушивте приватноста…“

Бритни Спирс ги критикува обожавателите кои испратиле полицајци во нејзината куќа само затоа што таа го избришала својот Инстаграм профил.

Откако таа го избриша својот профил на Инстаграм, стотици обожаватели на Бритни Спирс повикаа полиција во Лос Анџелес и побараа полицијата да дојде кај неа дома за да проверат дали пејачката е добро, бидејќи со оглед на тоа што таа имаше непредвидливо однесување во последните недели, фановите беа загрижени за нејзината животна безбедност.

Полицијата отишла, проверила и иако не беше јавно пријавено дали разговарале со неа или не, тие соопштиле дека не веруваат дека има причина за загриженост. Вчера Бритни им одговори на фановите дека овој пат отишле предалеку.

Таа напиша изјава преку Твитер. Иако Бритни не беше груба кон своите обожаватели, таа им стави до знаење дека овојпат претерале, бидејќи бришењето на нејзиниот Инстаграм профил нема никаква врска со теориите на заговор или со тоа дека е во некаква опасност.

„Како што сите знаат, полицијата беше повикана кај мене дома поради некои телефонски повици. Ги сакам и обожавам моите обожаватели, но овој пат работите отидоа малку предалеку и мојата приватност беше нарушена“, напиша таа.

„Полицијата никогаш не влезе во мојот дом и кога пристигна пред мојата врата, сфатија дека нема проблем и веднаш заминаа. Се почувствував измалтретирана, особено што инцидентот стана вест и повторно бев претставена на неправеден начин од страна на медиумите“, пишува пејачката и додава – „Во овој период од мојот живот, навистина се надевам дека јавноста и моите обожаватели за кои толку многу се грижам, ќе ја почитуваат мојата приватност понатаму. Со љубов, Б“, заклучува таа.

 

Слични објави

(Фото) Игор Џамбазов ја гризе Ивана Кнез за стапалото: „Животот е поубав од филм, ако умееш да го живееш“

К.С.

(Видео) Објавена снимка од тајната венчавка на Николијa и Реља: Заводливо танцуваа, а пејачката блескаше во елегантна венчаница

apostolova

(Видео) Карлеуша уловена како се бакнува со 25 години помладиот Александар!

Еспресо

(Фото) Даниел Кајмакоски го прослави 43-тиот роденден со семејството — сопругата Марина го опсипа со бакнежи

К.С.

Јаков Јозиновиќ отворено за восхитувањето кон Чолиќ и Мерлин и за познанството со Џејла Рамовиќ: „Таа прва ми пријде“

Е.А.

Познатата хрватска водителка доживеа сообраќајна несреќа, шест автомобили учествувале во судирот

apostolova
Се вчитува....