18.8 C
Скопје
18:53 - 22 октомври, 2026

(Фото) Најстарата жена на светот Марија Морера го открива рецептот за долговечност: „Држете ги токсичните луѓе подалеку од вас“

Новиот светски рекорд за долговечност ѝ припаѓа на Марија Брањас Морера, 115-годишна Шпанка родена во Америка – таа е новата најстара личност во светот.

Морера се искачи на првото место на специјалното рангирање направено од Гинисовата книга на рекорди по смртта на калуѓерката Лусил Рандон, позната како сестра Андре, која почина лани на 17 јануари на 118-годишна возраст.

Живее во дом за стари лица

Г-ѓа Морера е родена во Сан Франциско, Калифорнија, на 4 март 1907 година, една година по пристигнувањето на нејзините родители во САД од Шпанија, каде што се вратиле осум години подоцна.

Постарата дама веќе 20 години живее во пензионерскиот дом Санта Марија дел Тура во градот Олот во североисточна Шпанија. Во наредните денови, установата планира да организира „мала забава“ зад затворени врати за „да го прослави овој многу посебен настан“. Според извештаите од установата, Морера е во добра здравствена состојба и се радува на признанието од Гинис.

Официјалниот рекорд од Гинисовата книга на рекорди се уште не е пристигнат, но прашање е на време, по формалните проверки на документите, Марија ќе стане во сите погледи најстарата личност на светот.

Во текот на долгиот живот, живеела во различни градови на Шпанија следејќи ја работата на нејзиниот татко новинар, од Барселона до Бањолес, од Жирона до Калонге и Палол де Ревардит. Пред две години таа го победи ковидот и стана најстариот човек во светот што ја победил болеста.

Рецептот на Марија за долговечност

Но, која е тајната на оваа жена? Во интервју за „Ел Мундо“, старицата го откри својот „рецепт“ за долг живот: „Многумина ме прашуваат на каква диета се држам. Отсекогаш сум јадела малку, но сè, без да почитувам некој посебен режим. Никогаш не сум била оперирана и никогаш не сум боледувал од некоја болест. Мислам дека долговечноста е резултат на добра генетика, но и на многу среќа. Тајната според мене останува добрата исхрана. Се зависи од начинот на живот што го водиме: редот и спокојството се од суштинско значење, како и добрата врска со семејството и пријателите, контактот со природата и емоционалната стабилност. Мора да живеете со многу позитивност, без грижи и без жалење, држејќи ги токсичните луѓе на дистанца“.

По Марија, следуваат уште две долговечни жени – Јапонката Фуса Цацуми родена 25.04.1907 година (115 години) која е месец ипол помлада од Марија Морера, и по неа, 114-годишната Еди Чекарели која живее во САД.

 

Слични објави

(Видео) Објавена снимка од тајната венчавка на Николијa и Реља: Заводливо танцуваа, а пејачката блескаше во елегантна венчаница

apostolova

(Видео) Карлеуша уловена како се бакнува со 25 години помладиот Александар!

Еспресо

(Фото) Даниел Кајмакоски го прослави 43-тиот роденден со семејството — сопругата Марина го опсипа со бакнежи

К.С.

Јаков Јозиновиќ отворено за восхитувањето кон Чолиќ и Мерлин и за познанството со Џејла Рамовиќ: „Таа прва ми пријде“

Е.А.

Познатата хрватска водителка доживеа сообраќајна несреќа, шест автомобили учествувале во судирот

apostolova

„Среќен роденден на небото, мамо“: Маја Вукичевиќ со емотивна посвета за починатата мајка

Еспресо
Се вчитува....