4.8 C
Скопје
22:14 - 11 март, 2026

Борис Џонсон смета дека ќе биде безбедно да се организира Евровизија 2023 во Украина: Европската радиодифузна унија се двоуми

По трет пат во историјата на Евровизија, Украина победи на овој музичкиот натпревар. Оркестарот Калуш победи на Изборот за песна на Евровизија 2022 година, претставувајќи ја Украина, со песната „Стефанија“, песна посветена на сите украински мајки. Настанот, кој се одржа во Торино од 10 до 14 мај, го дочека украинскиот бенд на највисокото скалило на подиумот со 631 поен, доделени од жирито и телевоутингот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eurovision Song Contest (@eurovision)


Изборот за песна на Евровизија 2023 година нема да може да се одржи во Украина поради тековната војна во таа европска земја, првично соопшти Европската радиодифузна унија, додавајќи дека е во преговори со Би-Би-Си за Обединетото Кралство да ја преземе улогата на земја домаќин следната година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eurovision Song Contest (@eurovision)


Децениска традиција е победникот на Евровизија следната година да биде домаќин, но организаторите рекоа дека ќе разговараат за домаќин со второпласираната Британија од безбедносни причини.

„Секако дека би сакал да биде во оваа земја, но факт е дека тие победија и го заслужуваат тоа. Верувам дека можат да го организираат и треба да им се дозволи“, им рече Џонсон на новинарите по пристигнувањето во Британија по посетата на Киев. .

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eurovision Song Contest (@eurovision)

„Верувам дека Киев или кој било друг безбеден украински град би бил фантастично место за тоа“, рече британскиот премиер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Boris Johnson (@borisjohnsonuk)

„За една година, сѐ ќе биде во ред за време на Евровизија и се надевам дека Украинците ќе го добијат“, додаде тој.

Организаторот на натпреварот, Европската радиодифузна унија (ЕБУ) вчера објави дека разговараат со британската телевизија Би-Би-Си за организацијата на следниот Евросонг, што наиде на разочарување во Киев, кој побара натамошни преговори.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....