09:52 - 12 април, 2026

Бившите соработнички тврдат: Меланија ги одбројува минутите до развод и заминување од Белата куќа

Поранешната соработничка на Мелани Трамп, Стефани Волкоф со години тврди дека бракот меѓу неа и Доналд е најбизарната работа што ја видела во животот…

Доналд Трамп (74) го загуби претседателството во Америка, но дали може да ја изгуби сопругата Меланија (50) со која е во брак 15 години? Ова е прашање што се повеќе се слуша во медиумите …

„Меланија одбројува минути додека не ја напушти Белата куќа и се разведе од Доналд“, изјави
Мароса Манигулт Њуман, поранешна соработничка на сегашната прва дама, пишува Дејли меил. Таа исто така објасни зошто не го сторила тоа порано.

Profimedia
Profimedia

Да му подготвеше такво крајно понижување и да го оставеше на сред мандат, тој ќе најдеше начин да ја казни за тоа, додаде таа.

Друга поранешна соработничка на Меланија, Стефани Волкоф, со години тврди дека бракот помеѓу Меланија и Доналд е најбизарното нешто што го видела во животот. Меланија наводно се расплакала кога Трамп станал претседател пред четири години и го одложил преселувањето од Њујорк во Вашингтон цели пет месеци.

Profimedia
Profimedia

Меланија објаснила дека тоа е затоа што не сакала нејзиниот син Барон (14) да го напушти училиштето.

„Таа никогаш не ни сонуваше дека Доналд може да победи на изборите“, вели Волкоф.

И покрај сè, Меланија инсистира на тоа дека има одлична врска со нејзиниот сопруг.

Profimedia
Profimedia

Инаку, предбрачниот договор на Трамп со неговата поранешна сопруга, актерката Марла Мејплс (57), ја спречува да објави книга или јавно да даде критика за американскиот претседател. Адвокатката Кристина Превите тврди дека Меланија мора да го потпишала истиот договор, па затоа и таа молчи.

Слични објави

Хороскоп за 12 април: Рибите ќе му изразат љубов на партнерот, Стрелците ќе ја истакнат креативноста

Еспресо

„Мaјка му е заслужна за секој недостаток“ – Теа Таировиќ по една година брак проговори за свекрвата

Е.А.

„Ги засука ракавите и се фати за работа“: Теодора Џехверовиќ ја снимаше мајка си како работи заедно со мајсторите

Т.Ц.

Која е атрактивната мисица Марија која му го украде срцето на синот на Зорица Брунцлик?

Т.Ц.

Бугарскиот пејач Константин има личен мини бар, кој буквално го следи насекаде

Т.Ц.

„Кај нас трпезата е вистинска магија, а голем борец сум кога се кршиме со јајца“: Теа Таировиќ откри како го слави Велигден

Т.Ц.
Се вчитува....