11.8 C
Скопје
19:16 - 7 март, 2026

Бил Гејст „виновен“ за мајмунските сипаници: По коронавирусот милијардер повторно се најде на удар на бројни теории на заговор

Instagram

Мајмунските сипаници се вирусна болест која главно се јавува во Африка и е забележана кај луѓето од 1970-тите. Американскиот центар за контрола и превенција на болести ги опишува неговите симптоми како сипаници, вклучувајќи треска, болка, исцрпеност и осип на телото.

Во Африка, се покажа дека мајмуните сипаници предизвикуваат смрт кај дури 1 од 10 луѓе кои ќе се инфицираат.Појавата на нови случаи на оваа болест се совпадна со претстојното Собрание на Светската здравствена организација што ќе се одржи во Швајцарија на 22 мај.


Мајмунски сипаници се јавија по помалку од една година откако Бил Гејтс, американскиот милијардер и основач на Мајкрософт и приватните добротворни организации „Бил и Мелинда Гејтс“, предупреди дека владите мора да се подготват за идни пандемии. Тој ги даде овие коментари и во текот на 2021 и 2020 година, а исто така предложи да се формира работна група за пандемија на СЗО.


Претходно милијардерот се најде на удар на бројни теории на заговор за време на пандемијата на коронавирус, кога беше обвинет дека се обидел да вбризга микрочипови во луѓето преку вакцини. Сега, со ширењето на мајмунските сипаци, историјата се повторува, па Гејтс повторно е на удар на социјалните мрежи.


На Твитер кружат бројни теории на заговор, а тие тврдат дека Гејтс на некој начин е поврзан со извештаите за случаите на мајмунски сипаници, кои првично се проширија во Велика Британија, а потоа и во 20-ина други земји.

За некои корисници на Твитер, овие настани не се случајни. Наместо тоа, тие наведуваат дека ова е доказ дека Гејтс сега има намера повторно да направи нешто.

Слични објави

Најубави цитати за жените во пресрет на 8 Март

Еспресо

Маслиново масло и лимон – природна магија за блескави дрвени подови

Еспресо

Постојано сте уморни? Ова се симптомите на недостаток на железо што жените често ги игнорираат

Еспресо

Голем атмосферски пресврт: Европа ја очекуваат необични температурни разлики

Еспресо

Драма на концертот на Драгана Мирковиќ во Сплит: Клуб евакуиран по дојава за бомба

Еспресо

Дара Бубамара му купила на синот стан од 500.000 евра, еве во кој европски град се наоѓа луксузниот имот

Еспресо
Се вчитува....