09:48 - 30 јули, 2026

„Од мерак и љубов чувам овци“, младиот Семир Баслимовски се грижи за 500 овци, ги молзе, прави сирење…

Само со мерак и љубов може човек да се занимава со овчарство – младиот Семир Баслимовски го наследува својот татко во чувањето овци.

Пред 13 години семејството Баслимовски се преселило од село Цветово во село Батинци. Изградиле свое живеалиште направиле и придружни објекти за одгледување овци. Тоа е занимање кое го практикуваат со генерации, а младиот Семир Баслимовски решил да го наследи својот татко Даут, грижејки се за 500 овци обезбедувајќи благосостојба на животните.

– Денот ми започнува рано, овој период има повеќе работа, се молзат овците три пати во денот. Утрото накај 5 до 6 часот треба да се измолзат, па на пладне и вечерта исто. Покрај тоа треба да се нахранат па се носат на пасење – вели Семир.

Ретко кој се нафаќа да биде овчар, посебно кога сатнува збор за млад човек. Работата е тешка, затоа е и незаинтересираноста на младите да се занимаваат со оваа работа, уште помалку некој да биде овчар.

– Ако се има мерак и љубов кон оваа работа може да се работи. Така и јас од мерак го наследувам мојот татко и ја продолжувам семејната традиција на чување овци. Мене работата не ми е тешка, но на другите им е тешка. И треба да знаеш да работиш со овци, инаку ништо. Но на крајот се постигнува се со добра организација. – објаснува Семир.

Од 1ви јуни Семир ќе замине со овците на бачило, на планинскиот масив Мокра, Јакупица кај Салаковски Езера. Таму останува подолг период каде го прави и сирењето.

– На бачило останувам 3 месеци, тој период се прави сирењето. Овците се носат пеш до таму. Сите 500 овци. Но е многу убаво таму, природа, пасишта. Млекото додека сме тука , како што велиме на зимска испаша, го даваме во млекара, а јагнето во кланица. – објаснува Семир.

Како една од грижите за квалитетно одржување на стадото претставува и стрижењето на овците. Денот кога се врши стрижењето е придружен со многу адети за да се задржи традиција од минатото.

– Да, секоја година на 15 мај се стрижат овците. Тоа се прави со цел да им се олесни на овците. Волната се фрла, никој не ја користи. Секоја година стрижењето на овците го  одбележуваме со зурли и тапани, со рачно и машинско стрижење, има мајстори во тоа кои се одлични во украсување на овците. Се дава ручек има и гозба и работа. Една убава традиција која сакам, додека можам да ја продолжам.

Овчарството и генерално, сточарството, е тешка работа, а воопшто не е ценета. Нема млад кадар, особено овчари. Се наоѓа некој како Семир да го наследи чувањето овци од својот татко или дедо.

 

 

Слични објави

(Фото) „Засекогаш П“: Во Аеродром откриен мурал во чест на Панчо

Еспресо

Хороскоп за 30 јули: Овните ќе донесат важна одлука, Рибите ќе се соочат со вистината

Еспресо

Аца Амадеус е во врска со 23 години помладата пејачка: „Конечно ја најдов љубовта на мојот живот“

Еспресо

Лазар Бараков ги стави на страна несогласувањата со Гоце Тодоровски и емотивно се прости од него

СП.

(Видео) Теа Таировиќ со емотивна порака по настапот во Будва: „Ви благодарам што ме сакате и дебела и слаба, боса и облечена!“

Еспресо

Златко Јовановски: „Сум одбил да креирам за македонски јавни личности кои барале фустан гратис“

Еспресо
Се вчитува....