3.8 C
Скопје
23:40 - 10 март, 2026

Бекамови се подготвуваат за луксузна свадба, а Викторија изненади со новата фотографија (ФОТО)

Модниот дизајнер и сопруга на Дејвид Бекам на социјалните медиуми се пофали со својата прекрасна фигура…

Британската модна дизајнерка Викторија Бекам (46) и сопруга на поранешниот професионален фудбалер Дејвид Бекам (45) ретко објавува фотографии во костим за капење, но овој пат ги воодушеви своите фанови на социјалните мрежи.

Имено, Викторија ја објави најсекси фотографијата во последните неколку години додека позираше во жолто бикини во кое ги покажа своите атрибути.

Фото: Инстаграм

Поранешната поп-sвезда од женскиот бенд „Spice Girls“, која подоцна стана моден дизајнер, изгледа феноменалнo на 46-годишна возраст во жолто бикини, а во таа прилика ги истакна градите и нејзиниот препознатлив „израз без насмевка“.

На фотографијата се гледа и нејзиниот многу млад изглед на кожата, а Викторија нема дури ниту многу брчки на вратот, додека од шминка таа има само кармин со боја на кожа.

Таа го објави овој пост само неколку дена откако објави дека нејзиниот најстар син Бруклин Бекам (21) наскоро ќе се ожени за актерката Никола Пелц (25).

Фото: Профимедиа

Да потсетиме, Бруклин Бекам ја пронајде жената од својот живот со која неодамна се вери, а сега планира луксузна свадба со актерката.

Свадбата најверојатно ќе се одржи во италијанското луксузно одморалиште „Borgo Egnazia“ во Пуља. Цената за тоа, за ова семејство, е вистинска ситница … Се проценува дека трошоците ќе изнесуваат околу 400.000 евра.

Фото: Профимедиа

Младенците веќе го пикирале тоа одморалиште со пет везди и многу им се допаднало, а Викторија им помогнала во изборот.

Фото: Профимедиа

–  Тоа е ваш ден, ние сакаме да го направиме посебен за да можете да имате се што ќе посакате  – им кажала Викторија на идните младенци.

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....