Овен
Елемент – оган;
Планета – Марс;
Ден – вторник;
Боја – црвена;
Камен – дијамант, топаз;
Среќни броеви – 5, 9;
Судбинска мисија – да раководи и да е секогаш на врвот;
Критични периоди – 28 – 31 мај.
Во текот на мај одлуките што ќе ги донесете ќе бидат исправни. Сепак, овој месец ќе ви донесе и поголеми тешкотии во работата бидејќи планетата Уран го напушта вашиот знак. Јупитер е во Стрелец, што ќе ви донесе среќа и добри вести. Внимавајте на повреди на главата и инфекциски заболувања. Овој месец некои од вас ќе имаат среќа да се вљубат на прв поглед, а други да го заведат саканиот/саканата.
Бик
Елемент – земја;
Планета – Венера;
Ден – петок;
Боја – жолта, црвена;
Камен – смарагд;
Среќни броеви – 6;
Судбинска мисија – да им ја пренесе на луѓето умешноста да му се радуваат на животот;
Критични периоди – Кога Месечината е во Бик, 3, 6, 31 мај.
Месецот мај ви носи патувања надвор од Македонија. Се очекува создавање на нови познанства и можности за професионален напредок. Овој месец може да се разочарате од некој во кого сте имале најмногу доверба. Во текот на мај не брзајте да остварувате нови љубовни врски, бидејќи нема да траат долго. Обрнете внимание на физичкото здравје, а може да се ставите и на диета.
Близнаци
Елемент – воздух;
Планета – Венера;
Ден – петок;
Боја – зелена;
Камен – опал;
Среќни броеви – 6, 24;
Судбинска мисија – да го откријат своето вистинско место во животот.
Да им даваат топлина и радост на луѓето;
Критични периоди – Кога Месечината е во Близнаци 6-8 мај.
Овој месец избегнувајте избрзани промени и не донесувајте непромислени одлуки. Не ризикувајте на работното место поради вашата тврдоглавост. Судбината во мај ќе ви биде стабилна. Обидете се месецов повеќе да го слушате гласот на разумот отколку гласот на срецто. Имате можност за средба со некој паметен и сериозен човек.
Рак
Елемент – вода;
Планета – Месечина;
Ден – понеделник;
Боја – портокалова и жолта;
Камен – бисер;
Среќни броеви – 1, 2, 7, 18;
Судбинска мисија – да се научи да ги прифаќа луѓето такви какви што се;
Критични периоди – Кога Месечината е во Рак, 10-18 мај.
Овој месец треба да работите упорно за да ги стабилизирате личните и професионалните позиции. Внимавајте да не се оптоварите со премногу обврски за да не почувствувате преголем умор. Погрижете се повеќе за стабилност на психата, ќе бидете склони кон депресија. Не ги земајте при срце туѓите проблеми. Внимавајте на непотребни конфликти во семејството. Погоден период за реновирање на домот.
Лав
Елемент – оган;
Планета – Сонце;
Ден – недела;
Боја – златна и жолта;
Камен – тигрово око, килибар;
Среќни броеви – 1, 10, 19, 28;
Судбинска мисија – да постигнете слава, да бидете лидер и водач, да обезбедувате заштита;
Критични периоди – Кога Месечината е во Лав, 10-12 мај.
Месецов ќе можете да си го анализирате животот за да отстраните несакани последици во иднина. Во мај вашите лични интереси ќе ги поставите на прво место. Време е да направите разлика меѓу реалните желби и илузиите. Јупитер, планетата на среќата и можностите навлегува во куќата на љубовта и среќата. Ви носи среќа, љубов, романса. Тоа се случува еднаш во 12 години. Јупитер во Стрелец уште повеќе ќе ја разгори вашата љубов кон партнерот. Сатурн ќе ви помогне да го сретнете човекот кој ќе ви помогне во работата. Од 1 до 16 мај бидете многу внимателни со блиските роднини, можете да влезете во сериозни конфликти со нив.
Девица
Елемент – земја;
Планета – Меркур;
Ден – среда;
Боја – кафена;
Камен – ахат;
Среќни броеви – 3, 5;
Судбинска мисија – да верува во себе, да биде перфекционист;
Критични периоди – Кога Месечината е во Девица, 12-14 мај.
Во мај ве очекува планирање и напредување на личниот и професионалниот аспект. Внимавајте да не ве вовлечат во ризични инвестиции за да не изгубите пари. Погрижете се вашите трошоци да бидат во разумни граници. На 16 мај, кога Марс е во Рак, ќе имате шанса да добиете повишица на работното место. Во тој период избегнувајте конфликти во семејството. Овој месец здравјето ви зависи од правилната исхрана. Проверете си ја крвта. Одделете повеќе време за закрепувачки сон.
Вага
Елемент – воздух;
Планета – Венера;
Ден – петок;
Боја – зелена;
Камен – опал;
Среќни броеви – 6, 24;
Судбинска мисија – да го откријат своето вистинско место во животот. Да им даваат топлина и радост на луѓето;
Критични периоди – Кога Месечината е во Вага, 14-16 мај.
Месецов ќе ви донесе проблеми во деловните и во личните односи. Внимавајте да не си создадете непријатели во животот. Треба да ги завршите започнатите задачи ако сакате да си го сочувате авторитетот. Во текот на мај ќе бидете склони да си создавате проблеми во личните односи, дури кај некои од Вагите ќе има и прекин на врската. Пазете се од непотребни конфликти во семејството. Периодот од 1 до 16 мај ви е период на конфликти. Овој месец не се преоптоварувајте психички. Внимавајте на стресните ситуации коишто ги создава Марс во Ракот. Обидете се да го сочувате духовниот мир.
Скорпија
Елемент – вода;
Планета – Марс и Плутон;
Ден – вторник;
Боја – индиго;
Камен – опал;
Среќни броеви – 5, 13
Судбинска мисија – да дарува сила и храброст, да биде силен и упорен, да се соочува со опасности и да не се плаши од нив;
Критични периоди – 16 – 19 мај.
Овој месец ќе свртите нова страница во личниот и социјалниот живот. Со вашата недоверба во самите себе можете само да си навлечете некоја хронична болест. Месецов со вас ќе преовладуваат силни емоции и затоа избегнувајте да им го наметнувате своето мислење на блиските. Сè уште имате хаос на работното место, а иста е ситуацијата и со вашето здравје. Влијаниетио на Уран ќе создаде можности за ново партнерство и нови врски. Од 1 до 16 мај Марс е во Близнаци и тоа ви дава нова сила и нова енергија во бизнисот. Направете напори да се ослободите од стресот и од непотребните обврски.
Стрелец
Елемент – оган;
Планета – Јупитер;
Ден – четврток;
Боја – сина;
Камен – тиркиз, рубин;
Среќни броеви – 7;
Судбинска мисија – да ја враќате вербата кај луѓето;
Критични периоди – Кога Месечината е во Стрелец, 19-21 мај.
Во текот на месецот до израз ќе дојдат вашите творечки способности. Ќе бидете добро расположени. Без да се двоумите кажете кои се вашите претензии за работното место. Ако успеете да премолчите некои негативни црти кај вашите пријатели и колеги, ќе успеете да се поштедите од многу непријатности во следните месеци. Во текот на мај ќе ве изненадат приходи од веќе завршени проекти. Од 15 до 30 мај имате можност да патувате во странство. Ќе бидете пријатно изненадени од луѓето кои ќе ги сретнете. Месецов вашата страст може да доведе до официјализирање на врската со вашиот избраник, но вие упорно продолжувате да избегнувате посериозни разговори во врска со тоа.
Јарец
Елемент – земја;
Планета – Сатурн;
Ден – сабота;
Боја – кафена, индиго;
Камен – корал, гранит;
Среќни броеви – 4, 8, 9
Судбинска мисија – научете се да не живеете во својот замислен свет. Играјте ја определената улога во реалниот живот;
Критични периоди – Кога Месечината е во Јарец, 21- 23 мај.
Овој месец почнувате нова страница во личните и во професионалните односи и ќе ги довршите незавршените задачи од почетокот на годинава. Ќе започнете и нови проекти. Раководете правилно со парите и месецов не ризикувајте многу. Послушајте ја вашата интуиција, имате можност за проширување на бизнисот. Обрнете внимание на вашето нервно напрегнување. Важно е оваа пролет да си ја хармонизирате енергијата за да се чувствувате добро и да бидете полни со позитивна енергија. Поминувајте повеќе време во природа.
Водолија
Елемент – воздух;
Планета – Уран;
Ден – сабота;
Боја – темно сина;
Камен – аметист, сафир;
Среќни броеви – 4, 8, 9, 10, 11
Судбинска мисија – прават чуда, да направат од невозможното возможно. Да ги учат луѓето на човекољубие;
Критични периоди – Кога Месечината е во Водолија, 23- 26 мај.
Во мај ве очекува многу работа со вашиот бизнис. Овој месец нема да го менувате работното место. Бидете внимателни со колегите кои се непријателски настроени кон вас, некои од нив можеби ќе бидат ваши партнери. Можеби некои роднини ќе ви бараат позајмица, што ќе биде поттикнато од успехот на вашиот бизнис. Овој месец преземете ја иницијативата во свои раце и изградете го вашиот личен живот. Покажете ги вашите најдобри квалитети и освојте го срцето на саканиот/саканата. Некои Водолии можно е и да стапат во брак.
Риби
Елемент – вода;
Планета – Нептун;
Ден – четврток;
Боја – виолетова, црна;
Камен – тиркиз, аметист;
Среќни броеви – 3, 10, 11;
Судбинска мисија – да им служат на луѓето;
Критични периоди – 1 – 26 – 28 мај.
Месецот мај носи промена на средината во којашто сте. Ви носи нови познанства, како деловни, така и лични. Во текот на овој месец внимавајте со какви личности ќе ги споделувате вашите бизнис планови, може некој да ви ги украде. Време е за реновирање. Што се однесува до љубовта, се чувствувате уморни од тоа да бидете фрустрирани и неискрени во вашата интимна врска. Овој месец ќе бидете благонаклонети кон луѓето кои се осамени. Оние Риби кои не се во врска, ќе го запознаат идниот партнер. Ќе имате профитабилна врска со идниот партнер. Верувајте во вашата интуиција.
Автор: психолог Звездна Горгиева