11.8 C
Скопје
17:39 - 23 март, 2026

АСТРО ПРИЈАТЕЛСКИ ПАРОВИ: Овие комбинации формираат вечни пријателства

Освен во љубовта, астрологијата има и компатибилни парови кога е и пријателството во прашање.

Според хороскопот, пријателството е во контрола на Меркур, која е планета на комуникацијата и им помага на луѓето да ја почувствуваат меѓусебната хармонија.

Па така, следниве астро парови формираат најстабилни пријателства:

ОВЕН И СКОРПИЈА

Ова пријателство им помага на двете страни да согледаат едно нешто од различни агли и според тоа да забрзаат или забават со акција. Овните се секогаш силна поддршка за Скорпиите, а Скорпиите умеат да покажат дека го ценат тоа.

БИК И ВАГА

Биковите и Вагите се одлични пријатели од причина што и двете страни обожаваат убави нешта, естетика, пари и задоволства. Заедно можат да најдат мотив за заеднички бизнис кој ќе им донесе удобен живот и на двајцата.

БЛИЗНАЦИ И ВОДОЛИЈА

Овие два знака секогаш имаат тема за разговор и креативните идеи никогаш не изостануваат. Имаат заедничка љубов кон животот, но и беспрекорна смисла за хумор. Нивните разлики само го надополнуваат ова пријателство.

РАК И РИБИ

Раковите се емотивни, а Рибите интуитивни, а заедно, создаваат креативен тандем и си се постојана морална поддршка еден на друг. Нивна најсилна страна е емпатијата, која си ја пружаат кога им е потребна.

ЛАВ И СТРЕЛЕЦ

Овие два огнени знака можат секоја идеја да ја претворат во акција и притоа никогаш да не изгубат од ентузијазмот, дури и ако едниот од нив почне да попушта. Овој астро пар одлично функционира и на емотивно поле. Тие разменуваат енергија и заедно се движат кон целта.

ДЕВИЦА И ЈАРЕЦ

Ова се најголемите ворхоколици во хороскопот, па сосема е очекувано да си бидат поддршка еден на друг во кариерата, особено доколку започнат заедничи бизнис. Нивната најпозитивна страна е целосната објективност еден кон друг.

Слични објави

(Фото) Ова е новото момче на ќерката на Харис Џиновиќ: Ѓина „уловена“ во Барселона, прошета во мини здолниште

Еспресо

Почина ѕвездата на сериите „Натприродно“ и „Јас зомби“ на 51 година од рак на дојка

Еспресо

(Фото) Ден низ неговите очи: Ивона Јо на романтично патување со сопругот

Еспресо

(Фото) Катарина Лазиќ покажа како изгледа денот во семејниот дом по трагедијата

Еспресо

(Видео) Сузана Гавазова: „Јас ја имам главната моќ дома“

Еспресо

Бундите ги чувала во фрижидер, сега ги распродава чевлите! Сека Алексиќ направила „чистка“ на плакарот

Еспресо
Се вчитува....