9.8 C
Скопје
07:12 - 31 март, 2025

АКТЕРКА со ДАУНОВ СИНДРОМ во главна улога во НОВА РОМАНТИЧНА КОМЕДИЈА: „Обој го мојот свет со љубов“

Продукциската куќа „Халмарк“ снима романтична комедија во којашто глумат актери со Даунов синдром. Се работи за филмот „Обој го мојот свет со љубов“ (Color My World With Love), што сѐ уште е во претпродукција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lily D Moore (@lilydmooreofficial)


Главните улоги ќе ги толкуваат Лили Д. Мур и Дејвид Десанктис. Лили ќе ја глуми Кендал, надарена сликарка со Даунов синдром, која се вљубува во Бред. Вљубувањето го загрижува нејзиното семејство кое се плаши дека Кендал ќе заврши со скршено срце, па тука во приказната влегува Ник (го глуми Бенџамин Ејрис).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lily D Moore (@lilydmooreofficial)

„Сите сонуваат да се заљубат и да се омажат еден ден, па дури и лицата со попреченост. Се надевам дека по „Обој го мојот свет со љубов“ гледачите ќе сфатат дека тоа нѐ учи да ја насликаме нашата сопствена животна приказна и дека сите имаме бескрајни можности“, вели 18-годишната девојка, за која ова е прва главна улога во филм.

„Халмарк“ сака да ја поттикне разновидноста со своите содржини, т.е. со овој филм, а тој ќе биде прикажан на крајот на годината.

Слични објави

(Видео) Фрлиле солзавец на настапот на Теодора Џехверовиќ, пејачката проговори: Се исплашив

Еспресо

Почина Маринко Колнаго, основачот на „Нови фосили“

Еспресо

(Фото) Цеца на концертот пристигна со бесен автомобил, платила 120.000 евра за луксузното возило: Сите очи свперени во новиот имиџ на пејачката

Еспресо

(Фото) Душко Тошиќ отпатува со ќерките надвор од Србија: Ги однесе на омиленото место на Карлеуша

Еспресо

Маж од публиката го прекина концертот на Цеца Ражнатовиќ синоќа: Таа почна да го повикува обезбедувањето

Еспресо

Хороскоп за 30 март: Стрелците да бидат отворени во љубовта, Девиците да бидат искрени кон партнерот, а вие?

Еспресо
Се вчитува....