1.8 C
Скопје
13:25 - 20 декември, 2024

АДЕЛ ЗА ДРАСТИЧНАТА ПРОМЕНА , РАСПАДОТ НА БРАКОТ И НОВАТА ЉУБОВ: Се појави на две насловни на „Вог“

адел

По шестгодишна пауза, музичката дива Адел се враќа посилна од кога било со својот нов албум и по тој повод таа влезе во историјата како првата славна личност што воедно се појави на насловната страница на британското и американското издание на модната библија „Вог“ во исто време.

Уредниците на американскиот и британскиот „Вог“ одлучиле своите печатени изданија за месец ноември да ги посветат на славната Адел, сето тоа благодарение на објавувањето на нејзиниот нов, долгоочекуван студиски албум по шестгодишна пауза.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adele (@adele)

За „Вог“, Адел, меѓу другото, искрено зборуваше за значителното губење на тежината, распадот на бракот со Сајмон Конечки и нејзината љубовна врска со американскиот спортски агент Рич Пол.

Без „влакна“ на јазикот Адел рече дека е „разочарана“ од фактот што жените имаа најбрутални коментари на сметка на нејзиното драматично губење на тежината.

„Моето тело е објектифицирано низ целата моја кариера“, призна 33-годишната пејачка, но вели дека разбира зошто многу луѓе се шокирале од нејзиниот нов изглед.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adele (@adele)

Во почетокот на 2020 година, Адел призна дека изгубила 45 килограми во период од две години, меѓутоа, дел од јавноста ја критикуваше и за тоа.

„Разбирам дека еден дел од жените успеав да ги разочарам со мојот нов изглед затоа што визуелно ги претставував, но сепак сум истата личност. Најлошо од сè беше да ги видам бруталните коментари што жените ги имаа за моето тело. Се разочарав и сето тоа многу ме повреди“, истакнува пејачката.

И покрај наведеното, Адел не крие колку ужива во својот нов изглед, што воедно беше потврдено со новите фотографии направени за американското и британското издание на „Вог“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

Како што истакна, со помош на редовно вежбање се ослободила од проблемите со анксиозноста и никогаш не гледала на вежбањето со цел да ги изгуби насобраните килограми. „Мислев дека ако можам да го направам моето тело посилно, можеби вежбањето еден ден ќе има ист ефект врз моите емоции и ум“, откри таа, додавајќи дека нејзиниот нов партнер, американскиот спортски агент Рич Пол, исто така, ѝ помогнал да го одржи позитивниот начин на размислување .

„Не се чувствувам анксиозно и нервозно во негова близина. Јас сум 33-годишна разведена мајка на син која всушност управува со својот живот. Знам што сакам и што не сакам, а последното нешто што ми треба во животот е некој што не знае каде се наоѓа и што сака“, признава Адел.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

Пред нејзината врска со Пол, кој се грижи за кошаркарската кариера на Леброн Џејмс, Адел беше во брак со Сајмон Конечки, таткото на нејзиниот осумгодишен син, и како што призна, нивниот брак завршил затоа што во истиот не се чувствувала среќно како порано.

„Ништо лошо не се случи, едноставно повеќе не ми одговараше. Ќе бев мизерна ако не се ставев себеси на прво место“, рече таа.

Слични објави

„Се чувствував како несакано дете“: Наташа Беквалац проговори за нејзиниот татко, сакал син, но добил три ќерки

Еспресо

(Видео) Прескап подарок: Ана Николиќ се смири со дечкото и доби скапоцени подароци!

Еспресо

Анџелина Џоли не му дозволува на Бред Пит да се ожени младата Инес

Еспресо

(Фото) Снаата на Цеца блесна на славата на Свети Никола: Богдана позираше со сестрите Наташа и Бојана во вилата на Дедиње 

Еспресо

Хороскоп за 20 декември: Лавовите ги очекува невидена страст во љубовта, Скорпиите да внимаваат на парите

Еспресо

Цеца го прослави Свети Никола: Пејачката угости ВИП фаци во вила на Дедиње!

Еспресо
Се вчитува....