0.8 C
Скопје
06:22 - 27 октомври, 2026

(ФОТО) МЛАДА, ВРЕДНА, ЗЕМЈОДЕЛКА: Во цветното гнездо на Милена царуваат сарделите и петуниите

Денес сме во Долно Оризари, Битола, и разговараме со Милена Јанкуловска Талевска, домаќинка која се занимава со земјоделство, со бавчи, со тутун и со други домашни култури.

Вели дека отсекогаш сакала цвеќиња, па ги има и дома, и во семејниот двор. Дворот е, инаку, неодамна реновиран, па нашата домаќина Милена редовно и постепено купува нови цвеќиња, ги размножува веќепостоечките сардели и петунии, со цел дворчето да си го направи вистинско царство за уживанција. И си има планови:

–  Во текот на следната година планирам да биде уште поубав, со довршување на задниот дел од дворот.

Годинава, всушност, Милена со сопругот го прошириле задниот дел од дворот, па во тек се подготовките на средување.

За уредување на дворот учествуваат сите раце во семејството, таа, сопругот, ќерката…, а во текот на денот му одвојуваат време на овој убавец толку колку што им дозволува времето, бидејќи, како што ни рече Милена, презафатени се со работата на полето.

– Но, секако, и покрај бројните обврски уживам да му се посветам на дворот и на негата на цвеќињата, и тоа го правам секојдневно, најмалку по два часа, вели таа.

И не е само средувањето, наводнувањето, полевањето и воопшто негата на цвеќето, треба да се води сметка и за косењето трева, да се измијат плочките…сè тоа си одзима добро време.

А, дворот, сега, веќе не е мал, предниот дел располага со 50-на квадратни метри, а задниот дел – со уште повеќе. Од цвеќињата, на терасата доминираат петуниите, а тука се и хризантемите, чувар на куќа и многу други убавици, додека пак, омилено цвеќе на нашата соговорничка се турските каранфили и хортензиите.

ТОПОЛ ПОЗДРАВ ОД ОХАЈО: Вака изгледа кога музичарот Љупчо му „пее“ цвеќето, а козметичарката Васка го храни со минерали

Проблемот доаѓа со зимата, кога нема каде да се чуваат сарделите и некои од цвеќињата…Така се случило една зима да ѝ замрзнат сарделите, па повторно да купува нови.

Стигнуваме до советот од нашата млада и вредна домаќинка до оние кои сакаат да почнат да се занимаваат со одгледување и нега на цвеќе.

– Цвеќето не расте само со гледање!, – одлучна е Милена – за да се почне со одгледување на цвеќе и тоа да биде раскошно и убаво, треба да се нафати само оној кој навистина го сака цвеќето, зашто тоа си сака многу внимание.

Таа почнала од негување на сардели, но препорачува секој да си почне со цвеќе кое самиот најмногу си го сака.

Судејќи според се она што го прави Милена, изгледа дека навистина на младите им останува светот. Барем, на ваквите, како неа.

Инаку, Милена е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА. 

ФОТО ПРИВАТНА АРХИВА

(ФОТО) МАЛИОТ РАЈ НА ЈУЛЕ ВО ДРАЧЕВО: Вака се ужива во хобито од младоста

Слични објави

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо
Се вчитува....