4.8 C
Скопје
10:30 - 23 февруари, 2025

310 долари карта за концертот на Мадона: Светската дива ѝ покажа на својата колешка кој е најдобар!

Пејачката често се соочува со шпекулациите дека на нејзината кариера е дојден крајот, но со ова на сите им го докажа спротивното.

Просечната цена на влезниците за настапите на Мадона во склоп на турнејата „Мадам Икс“ е 310 долари, со што најпопуларната пејачка го сруши светскиот рекорд.

Кога кралицата на поп-музиката претстави неколку синглови од актуелниот албум и ја најави својата 11-та концертна турнеја, исклучиво низ театрите во Америка и Европа, критичарите рекоа дека тоа дефинитивно е нејзиниот пад и дека никогаш нема да може да ја врати старата слава. Самата Мадона изјави дека овој пат нема да ги „брка“ парите, како порано кога заработувала и по 300 до 400 милиони долари од турнеа (MDNA и „Sticky & Sweet Tour“), туку дека нејзина цел е да воспостави интимен однос со публиката. Поради таа причина ги одбрала театрите, каде што бината е блиску до седиштата, а просторот мал, што значително ја подобрува акустиката. Сите поверуваа во тие нејзини зборови, додека Билборд не ги објави првите резултати кои се однесуваат на заработката од турнејата.

Profimedia

Според нивните веродостојни проценки, кралицата на поп-музиката од оваа турнеја ќе заработи околу 80 милиони долари, за само 90 настапи. Досега одржа 16 настапи во операта „BAM Hauard Gilman“, каде продала вкупно 30.969 влезници, односно околу 2.000 по концерт, а од тоа профитирала до 9.600.000 долари. Со проста математика се доаѓа до заклучокот дека просечната цена за карта на настапот на Мадона е дури 310 долари (се движат од 50 до 757 долари). Ова е апсолутен рекорд, не само кога е таа во прашање, туку општо целата музичка индустрија, бидејќи досега најскапите влезници (270 долари) ги продавале Бијонсе и Џеј Зи заедно.

Profimedia

После најновите објави на Билборд во врска со турнејата на Мадона, американските портали се полни со коментари за тоа дека кралицата на поп-музиката по којзнае кој пат во кариерата докажа дека е неуништлива, и дека е најдобриот забавувач на сите времиња.

Слични објави

Нова естрадна војна: Рада Манојловиќ застана во одбрана на Милица Павловиќ, а Карлеуша жестоко ја нападна!

Еспресо

Продала носени гаќички за 10.000 долари: Тамара Бојаниќ откри какви барања добива на платформата за возрасни

Еспресо

Драгана Мирковиќ во друштво на еден од најмоќните луѓе: Дали луксузниот одмор во Дубаи крие и нов бизнис?

Еспресо

(Видео) Поранешната на Харис Џиновиќ „уловена“ во Монако: Мелина излегла од луксузен хотел, па ја пречекале со бесен автомобил бентли

Еспресо

(Фото) Сергеј Трифуновиќ приклучен на инфузија: Сопругата Исидора објави фотографија, цело време е покрај него

Еспресо

Славење во домот на Анабела „Фанки џи“: Луна Ѓогани му се обрати на својот очув со емотивни зборови

Еспресо
Се вчитува....