20:21 - 6 април, 2026

(ВИДЕО) НА СВАДБА ВО ЛОНЕЦ: За младенците Акаш и Аишварја љубовта е посилна од поплавите

Младенците Акаш и Аишварја пристигнале на сопствената свадба пловејќи во огромен лонец, бидејќи улиците на нивниот град Талавади на денот на венчавката биле поплавени.

На снимките се гледа како свршениците пловат по поплавените улици, стиснати еден до друг во лонец додека двајца мажи во придружба на фотограф ги влечат по поплавените улици.

Парот наводно позајмил лонец од локалниот храм и изјавил дека тоа било „единствената опција“ достапна во краток рок, известила индиската новинска агенција „PTI“.

На нив не им пречеле ни поплавите, ни свлечиштата, кои однеле 27 животи во текот на обилните дождови ширум Керала, држава на југот на Индија, бидејќи младенците, инаку здравствени работници, не сакале да го одложат својот голем настан, пренесува The Guardian“.

Акаш и Аишварја пристигнале безбедни и суви, во делумно поплавениот храм во Талавади, каде се одржала традиционална хиндуистичка церемонија.

 

Слични објави

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо

Дали е безбедно да се пие вода наточена пред еден ден? Стручњаците го имаат одговорот

Т.Ц.

(Фото) Иста како мама: Ретка слика на Кате од „Соната“ со ќерката Ана

msp-admin

Кеба се расплака среде емисија, Ѓорѓе Давид го тешеше: „Ме скрши на парчиња“

Еспресо

Луксуз од полно дрво без луксузен трошок – Одберете си масивна дрвена маса по цена што е реална и достапна

Еспресо
Се вчитува....