7.8 C
Скопје
10:28 - 1 април, 2026

ПРЕДИЗБОРНО БАЊАЊЕ: МАЈА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК!

Не е дека Скопје е Лондон и не е дека ние не сме мрчаторски народ, ама , ама е дека кога ќе заврне, повеќето од нас биле избањати како Цацко од скечот на К – 15. Немаме многу врнежливи денови во Скопје, па и во Македонија, но имаме доволно дупки по улиците кои инстант се полнат и се идеална отворена туш кабина. А да не зборуваме за „кул“ шоферите кои „мува не ги лази“ и ноншалантно си ги прскаат минувачите.

Фото: Приватна архива

Денеска квалитетно беше избањата една од колешките, а јас, подучена од нејзиното искуство, бев внимателна кога излегував пред врата, па само на два пати, по малку бев испрскана. Забавно ми беше, не велам не, дури и се изнасмеав, ама кратко траеше, бидејќи се сетив дека не секому му е смешно да оди до дома или на работа „утоп“. Исто така, се сетив дека започнува предизборната кампања за локалните избори.

Фото: Приватна архива

Па одлучив да ја номинирам избањатата колешка Маја, бидејќи достоинствено го реши проблемот со вирот. Со метлата во раце, од уличното базенче, не остана ни капка. Сега цел ден можеме на раат да си излегуваме на кафе и цигара. До следниот дожд, се разбира.

Слични објави

Почина човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење, Биба Струја

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо
Се вчитува....