7.8 C
Скопје
10:25 - 1 април, 2026

ЗОШТО СЕКОЈА ЖЕНА ВО ПОРАНЕШНА ЈУГОСЛАВИЈА НОСЕЛА КОМБИНЕЗОН? Парче долна облека кое можеше да се најде во сечиј женски гардеробер

Само сетете се своите мајки и баби нивната долна облека. Задолжително парче бил комбинезонот во најмалку 4 различни бои и дезени кои можеле да се сретнат во еден женски гардеробер.

Комбинезоните како дел од долната облека биле незаменливо парче кое секоја жена во Југославија уживала во неговата удобност.

Тоа е она парче свилена ткаенина со тантела што жените би го носеле над градникот и килотите, а под фустан или здолниште во комбинација со кошула.

Еве неколку причини зошто дамите носеле комбинезон:

Мода

Во шеесетти и седумдесетти години од минатиот век, комбинезонот бил свилен, чипкаст и многу женствен. Секоја жена посакувала да го има во различни бои и дезени. Парче долна облека кое буквално било задолжителен дел од секоја модерна и урбана жена.

Удобност

Здолништата и фустаните често се направени од синтетички материјали, па комбинезонот ги спречуваше да се „залепат“ за нозете. Дополнително, во тие години фустаните и здолништата не се переле секој час, поради недостиг на машини за перење, па затоа било полесно да се пере комбинезонот отколку целата комбинација на облека.

Естетика

Комбинезонот имал не само хигиенска функција, туку и естетска. Кога жената носи комбинезон, не мора да се грижи дали фустанот или кошулата ѝ се проѕирни и дали ѝ наѕира дел од половината кога ќе се наведне. Комбинезонот бил незаменливо парче облека во тие денови, а денес е нешто кое се помалку се бара.

Слични објави

Почина човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење, Биба Струја

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо
Се вчитува....