Инцидентот се случил пред многу сведоци, поголем дел од нив настанот го снимиле со мобилен телефон и го објавиле на социјалните мрежи.
Посетителите на зоолошка градина Сент Елизабет на Јамајка биле сведоци на немил настан, лав нападнал еден од вработените во зоолошката.
Имено, чуварот ја турнал раката во металниот кафез, провоцирајќи го животното, а на видеото се гледа како ги допира забите и го штипка по образите. Лавот, кој во еден момент очигледно се уморил од „играњето“ со него и го зграпчува прстот чуварот.
Следните неколку секунди чуварот се турка со сите сили за да се обиде да ја извади раката од вилицата на животното, а зад него има посетители кои го снимаат целиот настан.
Видеото се појави на „YouTube“ каналот наречен „Jamaica Observer“ и има над 60.000 прегледи, а под него гледачите се прашуваат зошто чуварот воопшто решил да пика рака каде што не треба.