11:53 - 5 мај, 2026

Во Дубаи е отворена најголемата вертикална фарма: Ќе користи 95% помалку вода

Најголемата вертикална фарма во светот годишно ќе заштеди повеќе од 250 милиони литри вода и ќе произведува над милион килограми производи без пестициди.

Вертикалните градини се моќна алтернатива и решение за кризата со земјиштето, а и не се помалку функционални од традиционалните. Исто така, тие заштедуваат огромни количини вода.

Фото/emirates.com

Иако вертикалните градини не се новост, една привлече внимание бидејќи станува збор за најголемата вертикална зеленчукова градина во светот и може да произведе повеќе од 900.000 килограми зеленчук годишно.

Фармата „Бустаника“ е изградена во Дубаи, недалеку од меѓународниот аеродром Ал Мактум од страна на „Crop One Holdings“ во соработка со „Emirates Flight Cateringom“. Површината на фармата изнесува 30.658 квадратни метри.

Зеленчукот што ќе се одгледува ќе биде „целосно чист“ бидејќи ќе расте без пестициди и други хемикалии. Исто така, фармата ќе користи 95 отсто помалку вода во споредба со традиционалните градини, а ќе дава три тони производ дневно благодарение на употребата на вештачка интелигенција и компјутерската анализа на податоци.

Фото/emirates.com

Се користи затворен систем што овозможува водата да кружи низ растенијата за поефикасно да се искористува. Водата испарува за време на процесот на наводнување и се рециклира во системот, кој заштедува 250 милиони литри вода секоја година во споредба со традиционалните отворени градини со исто производство.

Зеленчукот ќе им се служи на патниците во авионите на авиокомпанијата Emirates, како и на другите авиокомпании кои соработуваат со Emirates Flight Cateringom. Ќе се продава и во околните продавници под брендот „Бустаника“.

Вертикалната фарма се планира да произведува повеќе од 1.000.000 килограми висококвалитетен лиснат зеленчук годишно, без потреба од земја и само мали количини на вода што се користи за земјоделските култури. Процесот е поеколошки од традиционално произведениот зеленчук.

Фото/emirates.com

Веќе во наредните денови на патниците на летовите на оваа компанија ќе им биде понудена зелена салата, рукола, мешана зелена салата и спанаќ, а наскоро овие производи би можеле да се најдат во продажба и во локалните супермаркети.

Вертикалното земјоделство е во пораст во Дубаи.
Претходно оваа година, Ritz-Carlton Dubai, покрај JBR, соработуваше со Green Container Advanced Farming (GCAF) за да постави вертикална фарма.
Radisson Blu Dubai Deira Creek, исто така, покажа посветеност на одржливост со модерна технологија и вертикални решенија за фарми.

Фото/emirates.com

Слични објави

(Видео) „Се плашам од мојата смрт“: Познатиот македонски диџеј ја отвори душата

Еспресо

„Му реков да побара стручна помош“: Сопругата на Дарко Лазиќ откри како пејачот се носи со загубата на братот

Еспресо

Човек со 100 таленти: Познатите се збогуваат од Цирко

Еспресо

Дневен хороскоп за 5 мај: Соочете се со предизвиците

apostolova

Марија Микиќ со емотивна порака за роденденот на синот -„Бременоста со тебе беше најголемиот страв, но и најголемиот благослов“

E.A.

Годинашниов Евросонг ќе го отвори голема музичка ѕвезда со 55 милиони продадени плочи

Т.Ц.
Се вчитува....