5.8 C
Скопје
03:10 - 31 март, 2026

ВИСТИНСКИ ХЕРОИ: Полициски службеници породиле жена среде улица

полиција

Полициските службеници од Метрополитен породиле жена на улица, а за овој херојски чин како што велат, е врв на нивната кариера.

Тоа било сосема обичен ден за Миа и Том, кои биле во редовна патрола низ градот на почетокот на работниот ден. Тогаш Марко де Карли им пришол на улица и ги замолил за помош.

На неговата сопруга Мартина (36) ѝ почнале породилните поблки среде улица. Полицијата веднаш дошла кај неа со Марко, но немало време да оди во болница.

Тројцата веднаш презеле акција, да ѝ помогнат на Мартина да се породи во такви тешки услови.

„Прекрасно е да се види како функционира нивното семејство. За нас беше привилегија да помогнеме да донесеме нов живот на овој свет“, рече Том.

Од друга страна, на Мартина ѝ било најтешко, но за среќа, се завршило добро.

„Тоа беше страшно и убаво искуство во исто време. Благодарение на овие прекрасни луѓе кои ми помогнаа, ја почувствував најголемата среќа во животот. Нивната грижа ни помогна да се чувствуваме многу удобно, не ми беше страв“, вели Мартина.

Жената додаде дека нема зборови со кои може да им се заблагодари на Том и Мија за се што направиле за нив.

„Нашето семејство ќе ги памети засекогаш“, рече таа.

Извор: Metro

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....