12.8 C
Скопје
17:19 - 24 март, 2026

(ВИДЕО) Крик на Флогст: Чуден трик за ослободување од стресот во Шведска

Во некои делови на Шведска, вообичаено е студентите, но и другите граѓани да го отворат прозорецот доцна навечер и да почнат да врескаат без некој да им замери за тоа. Врескањето треба да е искрено и силно без чувство на срам или што ќе кажат другите.

Студенти од Сернандерс Вага, во Упсала, врескаат секоја вечер, а нивните колеги од Лапкарсбергет го практикуваат тоа само во вторник, додека во Лунд врескањето почнува во 23 часот.

Многумина велат дека станува збор за култ, но причината е прилично рационална – студентите врескаат за да се ослободат од стресот, фрустрациите и од стравовите.

Овој „феномен“ што Швеѓаните го нарекуваат крик на Флогст, го добил името по студентската населба во близина на Упсала.

Според популарната теорија, врескањето почнало во 70-тите или 80-тите години на минатиот век кога група студенти од Лунд гледале документарец за исконски крик и заклучиле дека бучавата ќе им помогне да се ослободат од негативните емоции и стресот поради испитите.

Затоа шведскиот феномен за прв пат бил наречен крик на Делфи, а дури подоцна стана крик на Флогст.

Доколку се најдете во Шведска во студентските делови на градовите каде што овој феномен е сè уште начин на живеење – не двоумете се, туку пуштете го гласот, наведува порталот „Пункуфер“.

Слични објави

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо

Го занемаруваме, а најбрзо старее: Како правилно да го негувате деколтето

Еспресо

Со само две состојки ослободете се од непријатниот мирис по готвењето

Еспресо

Што мислите, колку пати луѓето вистински се вљубуваат во текот на животот?

Еспресо

„Не постои толку мека перница како мирната и чиста совест“: Уживајте во овие мудри зборови за животот, љубовта, среќата…

Еспресо
Се вчитува....