09:20 - 9 април, 2026

ВЕЖБАТЕ ЕДНАШ НЕДЕЛНО: Дознајте дали е доволно за посакуваните резултати

Сигурно некогаш сте се запрашале: дали е доволно да вежбате еднаш неделно?

Физичката активност е важна за сите функции на телото, од здравјето на срцето до јачината на зглобовите. Еден тренинг неделно – или четири тренинзи месечно – може да звучи недоволно кога станува збор за одржување на вашето тело во форма.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SantiagoJlifts. (@jlsantiiagofit)


Што велат лекарите?

Не постои идеален број на вежби што некој треба да ги направи, но најчесто мислење на лекарите е дека три до четири тренинзи неделно се оптимални за одржување на кондицијата.


Британските здравствени експерти наведуваат дека луѓето на возраст меѓу 19 и 64 години треба да имаат за цел „150 минути активност со умерен интензитет неделно или 75 минути активност со висок интензитет неделно“, пишува „Stylist“.

Според неодамнешното истражување објавено во списанието „Economics & Human Biology“, докажано е дека вежбањето еднаш неделно ја подобрува когнитивната функција кај возрасните над 54 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Taylor | College Fitness (@tay_vegan)


Но, како таквото темпо на вежбање влијае на луѓето помлади од таа возраст, кои имаат тенденција да бидат поактивни поради разликите во животниот стил?

„Всушност, ќе бидете поздрави ако се посветите на вежбање само еднаш неделно, секоја недела, отколку ако пробате режим на неодржливо вежбање. За повеќето од нас, секојдневното вежбање едноставно не е реално. Ако сте на исто мислење, вежбањето еднаш неделно е подобро од тоа да вежбате и да се откажувате секој ден затоа што не можете да одржувате таква рутина“, изјави личниот тренер Аби Воткинс за „Stylist“.

Слични објави

Мистична и заводлива: Елена Ристеска со нова провокативна фотосесија

Еспресо

Хороскоп за 9 април: Вагите прават избор што носи мир, Овните конечно добиваат јасен знак

Еспресо

Кеба е горд на ќерката – Наташа Којиќ освои златна награда во Лондон

Еспресо

Карлеуша со остри зборови за Теа Таировиќ: „Балканот не смее да биде синоним за…“

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели интимен момент од Бали: „Дојде време да си кажам не“

С.П.

Бојана Лазиќ откри кога се враќа Зорица Брунцлик во жирито на „Пинкови ѕвезди“

Еспресо
Се вчитува....