7.8 C
Скопје
01:36 - 21 октомври, 2026

ВЕ УЧИМЕ ДА СИ ГЛЕДАТЕ НА КАФЕ: Прочитајте ја вашата иднина во талогот од кафе!

Дали е тој човекот на мојот живот? Дали тој/таа навистина ме сака? Дали ќе сменам работа? За да дознаете, некогаш е доволно само да се напиете кафе. Одговорите се во чашата!

Гледањето на кафе не бара никакво специфично знаење, туку се заснова пред се на интуиција и добра доза на искуство, што ви овозможува да ги протолкувате формите и симболите што ги остава талогот од кафето во шолјата и да го откриете нивното магично и скриено значење.

Како да почнете?

Откако ќе завршите со пиењето кафе, ставете ја тацната (наопаку) над шолјата за кафе и направете мали кружни вртења со шолјата, фокусирајќи се на аспектите за кои сакате да дознаете.

Потоа, завртете ја шолјата за кафе заедно со тацната наопаку, за талогот да може да слезе надолу од дното на шолјата. Следува ритуалот – почнете да ги читате различните фигури, толкувајќи го нивното значење.

Толкување

Симболите се читаат во насока на стрелките на часовникот.

Формите од талот (фигурите) не се секогаш добро, односно јасно, препознатливи и важно е да дозволите да ве води интуицијата. Како и во тарот, симболите мора да се толкуваат во целост: тие се како загатка што мора да се реши.

Фигурите што треба да се толкуваат се оние во чашата. Тие ја претставуваат иднината. Остатоците од талог присутни на тацната ја претставуваат моменталната ситуација.

На рабовите на шолјата може да протолкувате бројки кои се однесуваат на проекти во иднина, патувања, добри и лоши вести.

Трагите на надворешните ѕидови на шолјата откриваат постоење на пречка, но сугерираат и можни решенија.

Дното на шолјата се однесува на материјални добра и на здравје.

Главни симболи и нивно толкување

Цел круг: богатството пристигнува
Круг со 4 точки: раѓање на дете
Целосен квадрат: проблеми во перспектива
Квадрат со крст: неверство на повидок
Квадрат а во него круг: голема среќа во љубовта
Бран/бранови: успех во вашите иницијативи
Линии: добро здравје и среќен љубовен живот
Триаголник: стабилна и интересна работа
Една линија: среќен живот и мал приход
Глава од зајак – брз и краткотраен успех
Пчела – вашите напори ќе бидат наградени со успех
Пеперутка: ненадејни промени, силна, но нестабилна врска со некоја личност
Кошница: вести и успеси
Пајак: финансиски успех
Свеќа: голем успех
Змија: завист на некој што добро го познавате
Мечка: пречки за успех
Една рака: посета од пријател
Мост: нови перспективи во странство
Риба: вистинската љубов пристигнува
Бор – семејна среќа
Куќа: домашни проблеми на повидок
Кула: потреба за заштита и размислување
Дрво: остварување на вашите соништа
Крилја: вести на повидок
Срце: ќе добиете доказ за љубов
Шапка: професионална промена
Потковица: започнува среќно време
Песочен часовник: дојде време за донесување одлуки
Едно око: не им давајте премногу значење на мислењата на другите
Една стрелка: Во опасна ситуација сте, не се отпуштајте и возвратете
Авион: ненадеен успех
Коњ: брак или љубов на повидок
Пердув: нестабилна ситуација
Брод: посета
Круна: личен успех
Крст: грижи, здравствени проблеми
Планина: амбиции и нови цели
Скали: еволуција, напредок на повидок

 

Слични објави

(Фото) Внуката на Драгана Мирковиќ го слави својот прв роденден – замокот во Австрија е обоен во розова боја

Еспресо

Овие песни се посветени на Ксенија Пајчин — малкумина знаат дека познатиот пејач ѝ беше брат, а раперот беше лудо вљубен во неа

E.A.

Гога Секулиќ се сели од Србија со синот: Поранешниот сопруг ѝ помага околу преселбата

Еспресо

(Фото) Во страстен занес со 14 години помладиот сопруг – Гоца Тржан и Раша уживаат во зајдисонцето на Маврициус

Еспресо

Тату-артистот Горан Миќиќ за борбата со ракот: „Ме оперираа осум и пол часа, да не беше жена ми, ќе паднев во тешка депресија“

К.С.

Јована Јеремиќ најави шокантни информации за Каспер: „Мина не е единствената жртва, има и други!“

Еспресо
Се вчитува....