18:42 - 15 февруари, 2026

Утре е 1 Април, Денот на шегите: Погрижете се вашата шега да биде добра

Денот на шегата се одбележува ширум целиот свет
Погрижете се вашата шега да биде добра бидејќи овој ден доаѓа само еднаш годишно.

1. Денот на шегата секоја година се слави на 1 април.

2. Се слави низ целиот свет.

3. Тоа е ден за практични шеги, омилен на сите шегобијци.

4. Првоаприлските шеги треба да престанат во 12 часот. Ова правило важи уште од 18 век и никој не е сигурен зошто, но се верува дека неговото непочитување носи лоша среќа.

5. Французите имаат традиција скришно да си лепат хартиени риби на грбовите еден на друг, а кога некој ќе го открие тоа извикува „Poisson d’Avril“, што се преведува како „априлска риба“.

6. Старите Римјани имале празник наречен Хиларија кој многу наликувал на први април зашто на тој ден сите се шегувале.

7. Некои историчари веруваат дека одбележувањето на овој ден започнало во 1582 година. Дотогаш Французите сметале дека новата година започнува на 1 април, а од таа година се префрлиле на новиот календар во кој за почеток на новата година се сметал 1 јануари. Но некои луѓе се уште ја славеле Новата година според стариот календар па биле нарекувани априлски будали.

8. Некои луѓе веруваат дека Денот на шегата е првиот ден на пролетта затоа што тогаш се случуваат ненадејни промени во времето.

9. Многу компании, радио и ТВ канали прават првоаприлски шеги. Се објавуваат многу лажни написи, а една од најдобрите првоаприлски шеги беше во 1957 година, кога еден човек по име Ричард Димблби во програма на BBC изјави дека шпагети растат на дрвја. Луѓето навистина поверуваа во тоа, па дури и се јавуваа да прашаат како можат да ги одгледуваат дома.

10. Во Шкотска прославата трае два дена и таму е позната и како „April Govk“, „Govkie Dai“ и „Hunt the Govk“. Говк значи кукавица.

Слични објави

Бресквица искрено проговори за раскинувањето: „Не страдам, сè се случува со причина“

Еспресо

(Фото) Марко Јариќ повторно заљубен! Мистериозна бринета му седи во скут на луксузна јахта

Еспресо

(Видео) Познатите го прославија Денот на вљубените со Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ – Емина Јаховиќ пристигна последна

Еспресо

(Фото) По операција на носот во Турција, момчето ѝ приреди незаборавно изненадување на Нина Џогани

Еспресо

Ова е сестра на Гога Секулиќ: Јавноста по прв пат има прилика да ја види на најтажниот ден за семејството

Е.А.

Погребана мајката на Гога Секулиќ, поранешниот сопруг не се одвојува од неа

Еспресо
Се вчитува....