00:20 - 19 декември, 2025

(ФОТО)7 МОДНИ ТРЕНДОВИ: Прво облечени од принцезата Дијана

дијана принцеза

Принцезата Дијана, меѓу другото, беше и остана модна икона, а на нејзините комбинации на облека им се восхитуваат новите генерации кои го запознаваат ликот на принцезата благодарение на сериите и филмовите за нејзиниот живот. Стилот на Дијана, кој по разводот од принцот Чарлс стана многу поопуштен и понатаму е омилена тема на модните разговори и инспирација за многумина .

Ако ги прашате модните експерти, Дијана беше таа која прва ги поттикна некои од трендовите кои се актуелни до ден денес. Во продолжение погледнете ги седумте од нив, издвоени од „Vogue“.

Точки

Иако Дијана експериментирала со различни принтови, еден дезен особено ѝ се допаднал ѝ го носела цела година. Станува збор за точки од сите големини кои ги носела во разни пригоди, а љубовта кон овој дезен особено ја почитува војвотката од Кембриџ која и самата ги носи во разни пригоди.

Панталони за забава (Party Pants)

За едно од снимањата на кралскиот портрет, Дијана носи розови панталони со дезен од гингам, кои денес би можеле да се наречат панталони за забава. Популарниот тренд се појави минатата година кога модната куќа „Миу Миу“ претстави речиси идентични модни панталони, а ги има и во колекцијата пролет/лето на „Гучи“.

Јаки од секаков вид

Принцезата Дијана постојано експериментираше со гломазни јаки и немаше стил и облик што не го проба, а во последно време токму таквите јаки во големи димензии се моден тренд.

Морнарски шик

Дијана сакаше морнарски детали и облека инспирирана од морнарицата, која ја носела во различни пригоди, а морнарскиот шик и денес е популарен тренд.

Моќни сакоа

Смелите, впечатливи сакоа беа клучен дел од гардеробата на Дијана, особено за деловни состаноци, а во последните години моќните сакоа се неизбежен дел од многу гардероби.

Спортски шик

Дури и кога одела во теретана, принцезата Дијана била олицетворение на стилот. Нејзините спортски комбинации и понатаму се извор на инспирација за дамите кои мислат дека одењето во теретана може да биде одлична можност за одлична комбинација.

# Normcore

Принцезата Дијана обрнуваше внимание на кежуал, лежерни изданија долго пред да се појави движењето #normcore. Тоа е тренд на облека што се појави како резултат на модната презаситеност и модните трендови кои се менуваат се побрзо и побрзо. Поентата е дека луѓето кои го следат овој тренд не сакаат премногу да се разликуваат од другите во нивната облека. Иако беше член на кралското семејство, Дијана точно знаела како да се облекува лежерно.

Слични објави

(Фото) Посебен ден и јубилеј: Голема прослава во домот на Вики Миљковиќ

E.A.

(Фото) И таа дои бебе: Лејди Гага целосно ја ископира Јелена Карлеуша!

Еспресо

(Видео) Илда Шаулиќ направи голема промена која ја изненади публиката

E.A.

Дечкото на Сања Маринковиќ ја пронашол крвава во бањата: Водителката раскажа потресни детали, интервенирала и брзата помош

E.A.

Случајна минувачка шокирана од однесувањето на Верица Ракочевиќ, се огласи и модната креаторка: „Веројатно мислеше дека сум полудела“

E.A.

Десингерица завршил со работите на улица, сопругата го избркала од дома

Еспресо
Се вчитува....