4.8 C
Скопје
17:57 - 18 декември, 2024

ШОУРУМ ЗА ОДРЖЛИВА И ЕКОЛОШКА МОДА И ДИЗАЈН: Денови на еколошка мода и дизајн „Slowscapes 4“

По пауза од речиси две години, изложбата на македонска мода и дизајн „Slowscapes” ќе се одржи во Kултурно-социјалниот простор „Центар – Јадро“ на улица „Алберт Ајнштајн“, број 2 во Дебар маало, Скопје.

Изложбата ќе даде приказ во работата на современите македонски дизајнери, истакнувајќи ги нивните практитки што придонесуваат кон заштита на нашата средина и подобра иднина. Спротиставувајќи се на „брзата мода“ и прекумерното потрошување, изложбата ќе има за цел да ја едуцира и поддржи публиката да започне да консумира свесно и одговорно.

Шоурумот ќе биде отворен од 29 септември до 3 октомври, а ќе функционира во периодот од 12 до 20 часот.

Учествуваат: „Лудус“, Марта Пејоска, „Волатајл“, „Армма“, Котев Ксенија, Нина Нине и „Кактус“.

Фото: Промо

„Лудус“ ќе ја претстави актуелната колекција за есен-зима 2021/22 со наслов „Пост-родовост IV“, четвртиот дел од серијата колекции што ја разработуваат футуристичката визија за општество без родови улоги. За време на пандемијата брендот го искористи времето минато во карантин за продлабочување на еколошкото и одржливо производство и воведе нови практики во работата што бараат посветеност и подолог процес за развој. Па така, колекцијата содржи рачно обоени парчиња облека на природен начин од памук, волна и волница. Мала колекција од рачно направени чевли од остатоци од кожа ја придружува колекцијата, изработена од локален занаетчија – чевлар (кондураџија).

Колекцијата „Постродовост IV“ ги спојува традиционалното македонско занаетчиство, локално набавени материјали и волница, рачни вештини од мајстори – соработници на брендот и извонредно вешт технички тим што е постојан дел од современтите дизајнерски колекции на „Лудус“.

Фото: Промо

„Петте Величествени“ е jубилеен проект преточен во колекцијата накит од неоксидирачки челик. Материјалот има дополнителна трајна вредност со тоа што не ја менува својата боја и не потемнува. Исто така, има одлична способност да ја рефлектира светлината и околината.

„Уште од студиски денови ја истражувам геометријата, минималниот начин на ликовното изразување низ конструктивистичката скулптура, обземена од идеологијата на конструктивизмот низ геометрискиот баланс и прецизноста на волуменот од празниот простор кој вземно го претставуваат скулптуралното дело. Гејзерот од геометријата ме воведе во себе-запрашувањето и низ ова проникнав во Светата Геометрија. Спроведов истражување на петте основни геометриски солидни форми на Платон, Петте фамилии на Будниот и Метафизичкиот жаргон: „Целава креација е последица од манифестација на свеста низ светлина, звук и геометрија“. Истражувањето почна пред 10 години и досега произлегоа неколку проекти на самостојни изложби со скулптури и принтови, инсталации со перформанс на отворен простор, колекција светилки и колекции на накит“. – вели Нина Нинеска.

Колекцијата „Петте Величенствени“ е 2Д приказ на тродимензионалните пет основни геометриски форми која содржи обетки, алки и ланчиња.

Колекција „Colors of life“  – Котев Ксенија / Фото: Промо

Котев Ксенија вдахнува живот во филигранската уметност создавајќи нови форми и истражувајки нов универзум. Таа креативно ја имплементира својата страст кон накитот уште од самиот почеток на нејзината кариера. Приказната на Котев Ксенија започнува во инспиративната Италија каде дипломира на „Академија Италијана“ во Фиренца на моден дизајн. Магистерските студии за модни додатоци (чанти, чевли и накит) ги завршува во Милано на „Академија Домус“.

Колекција „Colors of life“  – Котев Ксенија / Фото: Промо

Восхитена од чистотата на среброто, курсот по филигранство го завршува во Скопје. Сивилото на среброто, неговата моќ и скапоценост доминираат целосно во приказните раскажани од дизајнерката.

„Colors of life“ е насловот на колекцијата со која Ксенија Котев ќе се претстави на Slowscapes 4.

„Чувството на радост и инспирација може да се роди во секоја мисла, емоција и глас на интуицијата кое ги отсликува боите на животот. Ја зголемуваме свесноста на нашето вистинско, љубовно и духовно јас со прифаќањето на спиритуалниот живот кој почнува кога ќе се “родиш повторно” – вели дизајнерката.

Колекција „Colors of life“  – Котев Ксенија / Фото: Промо

Колекцијата е изработена од 925 сребро и полускапоцени камења. Поделена е на 7 дела и брои 21 парче накит.

„Волатајл“ / Фото: Промо

„Волатајл“ е заеднички проект на Стефан Китановиќ и Ивана Секулоска, производ на нивното ликовно, академско образование и интерес во интердисциплинарната мода. Под силно влијание на не-естетиката во денешната мода, тие создаваат рачно изработени парчиња кои наликуваат на подвижни уметнички објекти. На изложбата ќе биде изложена нивната втора „Volatile.o2 FW22“ капсулна колекција, каде што се употребени традиционални техники за кроење и во соработка со локални уметници и занаетчии создадоа небинарни родово инклузивни облеки кои се минималистички и монохроматски. Скоро сите материјали кои се искористени за капсулната колекцијата се природни, како свила, волна, памук, набавени од локални извори и при процесот на изработка и конструкција на парчињата обрнато е внимание отпадот да биде минимален.

AЯMMA/ Фото: Промо

AЯMMA е бренд основан во Скопје, но изграден врз темелите на париската модна школа која се темели на иновативност во дизајнот и беспрекорност во изработката. AЯMMA суптилно ја спојува незаузданата креативност со строгото моделарство за да понуди ненаметлива убавина која се противи на објектификацијата на женското тело. Водена од премисата дека облеката му е потчинета на телото, AЯMMA е колаж од удобност и мултифункционалност која ги дестабилизира конзервативните замисли за женската естетика.

„Тога Пула“ – Есен-зима 2021/22 е колекција што се движи кон иднината инспирирајќи се од минатото. Се развива врз концептот на мултифункционалност и спонтаност поттикната од римската античка облека – тогата. Тога е отворено (најчесто полукружно) парче ткаенина изработено од волна што се обвиткувало околу телото креирајќи богата драперија. Поради нејзината отворена форма, таа дава можност да се моделира врз телото на различни начини. Секој добиен изглед при обвиткувањето на ова парче облека е резултат на одреден момент и истиот е неповторлив. Мултифункционалноста и спонтаноста на елегантната драперија на тогата се главните елементи врз кои е креиран првиот фустан на истоимената колекција, што самиот е креиран уште во 2015 година, пред основањето на самиот бренд. Колекцијата е модерна интерпретација на античката облека додека името „Тога Пула“ го добива од името „темна тога“ која ја носеле тажачи или се носела во време на лична опасност.

Колекцијата е изработена по принципите на „slow fashion” како антитеза на таканаречената брза мода. Користени се природни материјали како што е волната, памукот, свилата, но и полуприродни како што е вискозата.

Фото: Промо

Марта Пејоска е дизајнер и изработувач на накит – занаетчија, која веќе 15тина години е присутна на македонската дизајнерска сцена, градејќи го својот бренд за накит, во чија основа се наоѓаат филигранската техника и среброто како материјал.

Новите парчиња накит што ќе се изложат на овогодишниот Slowscapes 4, се најава за колекцијата “Вода 2”. Имено тие се дел од континуираното, повеќегодишното истражување на тема Охридското езеро, поточно водата, овој пат со акцент на појавата на бранот односно промената на површината на водата под влијание на ветарот. Парчињата накит се всушност дел од развојниот концепт односно скици, скицирани директно со материјалот, односно прототипи за она што треба да следи. Накитот е изработен во сребро, со додаток на природни камчиња, собрани од брегот на Охридското езеро, кои често се присутни во накитот на Пејоска и се веќе препознатлив знак за истиот.

Кактус / Фото: Промо

Брендот „Кактус“ ќе го презентира најновото лимитирано издание на блузони со наслов „Yes We Can“ – омаж на жените пионери во несекојдневни сфери во минатото.

Брендот започнат во 2016-тата година е спој на различните професии на дизајнерките Еми Ермилова и Сандра Мојсова, кои графичкиот дизајн и архитектурата ги пресликуваат во минималистичкиот моден дизајн. Концептот е фузија на уличниот стил и енергични бои, а во основата е изборот на квалитетни материјали кои се доработени со рачна изработка почитувајќи го локалното производство и традиција.

Слични објави

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо

Скандал во шоуто на Амиџиќ: Дарко Лазиќ почна да ја фали бившата, Катарина побледе од срам!

Еспресо
Се вчитува....