2.8 C
Скопје
19:40 - 20 декември, 2024

СЕКС ТЕРАПИЈА: Оргазмот треба да биде како десерт, но сигурно не е причината поради која сте излегле на вечера

секс

Можеби поради пандемијата луѓето се состануваат помалку, но тоа не значи дека се помалку заинтересирани за секс. Во реалноста, сексот е важен и често составен дел од врските за луѓето од сите возрасти, сексуални ориентации и полови.

Сепак, без разлика дали се сметате себеси за сексуално искусни или сте почетници, сексуалните терапевти велат дека постојат одредени работи што секој треба да ги знае кога станува збор за сексот.

Сексуалната терапија е еден вид разговорна терапија наменета да им помогне на паровите да решат голем број сексуални прашања, од психолошки и лични фактори до медицински пречки.

Стивен Снајдер домаќин на подкастот „Relationship Doctor“ и автор на книгата „Love Worth Making“, вели дека првото нешто што секој што е сексуално активен треба да знае е дека сексот „е повеќе од само секс“.

секс

Според д-р Снајдер, паровите честопати наидуваат на проблем кога се возбудуваат заедно само „ако сексот е на менито“. Од друга страна пак, најсреќните парови, според д-р Снајдер, се всушност оние кои се занимаваат со нешто што се нарекува „вриење“.

„Најсреќните парови уживаат да се чувствуваат возбудени заедно дури и кога тоа нема да доведе до секс“, открива д-р Снајдер велејќи дека во сексуалната терапија, ова се нарекува „вриење“.

Во суштина тоа е продолжена предигра, „како што прават повеќето тинејџерски парови помеѓу часовите. Облечени, но дефинитивно еротско искуство“, рече д-р Снајдер. „Вриењето има тенденција да го „запали огнот“ – така што кога навистина ќе имате секс, не започнувате од нула“, додава тој.

Ова може да значи вклучување во предиграта бакнување или триење, без намера тоа да доведе до секс. Предиграта е особено важна бидејќи го подготвува телото и физички и психолошки дека ќе имате секс.

Д-р Снајдер исто така вели дека сака луѓето да знаат дека „не се сите оргазми исти“ – и дека паровите треба да имаат за цел да уживаат во сексот без да се фокусираат само на постигнувањето оргазам.

„Оргазмот треба да биде како десерт: одличен начин да се стави крај на прекрасниот оброк, но тоа сигурно не е причината поради која сте излегле на вечера“, вели тој.

секс

Меѓутоа, кога станува збор за оргазми, Сари Купер, сексуален терапевт и директор на Центарот за љубов и секс, сака жените да знаат дека „нивното задоволство и оргазми се подеднакво важни како и нивните партнери“.

Според една студија од 2017 година објавена во „The Journal of Sex and Marital Therapy“, 37% од Американките бараат стимулација на клиторисот за да доживеат оргазам, во споредба со само 18% од жените кои рекле дека само вагиналната пенетрација им е сосема доволна. Додека, друга студија покажа дека мажите доживуваат оргазам 85% од времето.

Купер, исто така, вели дека е важно жените да знаат дека сексот не треба да вклучува болка. Иако постојат различни причини поради кои жената доживува болка за време на сексот (сувоста е најчеста причина), тоа не значи дека тоа не е нормално, и оние што чувствуваат болка треба да побараат стручна помош.

За да постигнете здрав и исполнет сексуален живот, од суштинско значење е да разговарате за работите што ги сакате од вашиот партнер, што започнува првенствено со разбирање на сопственото тело, сексуалноста и желбите.

Извор: Independent 

Слични објави

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо

(Фото) Голема прослава во домот на Сања Маринковиќ! Огномет го осветли небото, еве кој е поводот

Еспресо
Се вчитува....