Разликата помеѓу американските и европските крофни е во тоа што американските крофни имаат дупка во средината.
Американските крофни, покрај тоа што воодушевуваат со својот изглед, имаат и неверојатен вкус.
Тие потсетуваат на нашите, но Американците направија толку многу различни варијанти на ова пржено тесто, што сега е тешко да се каже колку видови всушност постојат. Она што ги прави различни од нашите е дупката во средината на тестото.

Дали некогаш сте се запрашале за што е таа дупка и како настанала?
Верувале или не, има многу теории за потеклото на оваа мистериозна дупка во вкусниот десерт .
Според првата теорија, дупката во крофните е едноставно неопходна. Кога пекарите почнале да додаваат жолчки од јајца во нивните рецепти, тестото станало премногу богато, а тоа значително го отежнувало рамномерното печење.

Краевите биле крцкави, а средината останувала сурова, па логично решение било да се отстрани тестото од средината.
Другата теорија е поинтересна, а се однесува на Нова Англија во 1850 година, и бродот со име „Елизабет Грегориј“. Имено, Елизабета за нејзиниот син направила една голема количина пржено тесто за едно од неговите патувања, а се вели дека капетанот Грегориј токму на тоа патување ја „измислил“ крофната со дупка.

Сепак, постојат многу теории за можни причини. Некои историчари сметаат дека крофна со дупка е полесно се подготвува. Но, најинтересна теорија е дека на капетанот Григориј му биле потребни и двете раце за да го управува бродот, па токму затоа направил дупки во крофните за да може полесно да ги држи.

Но, се чини дека првата теорија сепак е најблиску до вистината. Дури и капетанот Грегори во едно интервју открил дека дупката во неговата крофна ја направил сосема случајно.