3.8 C
Скопје
20:05 - 20 декември, 2024

Зеленилото го намалува физиолошкиот и психолошки стрес

unsplash

Постојат се повеќе докази природата, без разлика дали станува збор за градинарство во домашни услови, прошетка во планина, слушањето на птиците во парк има позитивно влијание врз менталното здравје.

Природата ја подобрува когнитивната функција, нуди релаксација, помага во справување со траума и ублажува одредени здравствени симптоми кај луѓето.

Повеќе студии, периодов, конкретно го разгледуваа ефектот на зелените површини. Во време кога многу луѓе поголемиот дел од времето се дома поради ограничувањата од пандемијата на коронавирусот, за многумина, градинарството во домашни услови беше една од најпристапните опции до зелени површини. Но, дали овие мали зелени површини ги нудат истите придобивки за нашето ментално здравје?

unsplash

Со оглед на тоа што светските власти се чини дека сè повеќе ги асфалтираат градските површини, многу луѓе се обидуваат сами да си го надокнатат тоа користејќи го личниот простор како мост помеѓу приватниот и јавниот живот. Терасите и дворовите се видливи за секој сосед и обичен минувач, па така несомено придонесуваат и за благосостојбата на заедницата. Имањето растенија е поврзано со пониски знаци на стрес.

Едно истражување во Велика Британија ги анализирало физиолошките и психолошките нивоа на стрес пред и по додавањето на растенија во личниот простор на луѓето. Со фокус на нивото на кортизол кај учесниците на возраст од 21 до 86 години (понекогаш нарекуван „хормон на стрес“) и разговор за сопствената перцепија за стрес.

Истражувачите додале жардиниери со украсни растенија, вклучувајќи петунија, рузмарин, лаванда, азалеа и други растенија кои биле избрани заради леснотијата на одржување.

unsplash

Исто така, на испитаниците им обезбедиле компост, им ги посадиле растенијата за да се осигураат дека сите градини ќе бидат слични. На учесниците им биле дадени совети за тоа како да ги одржуваат и наводнуваат своите растенија и им било дозволено да додадат и други растенија.

Во период од една година, истражувањето открило дека имањето растенија резултира со пад од 6% на перцепираните нивоа на стрес кај сите испитаници. Намалувањето од 6% е еквивалентно на долгорочното влијание на осум седмични сесии со професионална психолошка помош.

Истражувањето исто така открило значајни промени во нивото на коритизол кај учесниците. Кортизолот е главниот хормон одговорен за нивото на стрес во организмот, кој воедно го регулира нивото на квалитетен сон и енергија. Сепак, кортизолот е потребен за да бидеме здрави, и обично концентрациите достигнуваат врв додека се будиме и се намалуваат на најниско ниво навечер.unsplash

24% од испитаниците имале здрава дневна концентрација на кортизол на почетокот на студијата. По три месеци се зголемило на 53% по додавањето на растенија во нивното секојдневие, што укажува на подобро ментално здравје кај овие учесници.

Растенијата имаат позитивно влијание врз погледот кон животот, допринесуваат за развивање на позитивни стравови, чувство на гордост и поголема мотивација за подорбување на локалното опкружување. И најмалата градина е ценета и се гледа како место за одмор.

unsplash

Благосостојбата од растенијата се заснова на две теории за психологија во животната средина: теорија за обновување на вниманието и теорија за намалување на стресот.

Двете психо-еволутивни теории се засноваат на хипотезата за биофилија на Вилсон, дека луѓето имаат вроден афинитет кон природната средина.

Теоријата за обновување на вниманието предлага изложеноста на природна средина да ја врати нашата способност да се концентрираме на задачи кои бараат напор и насочено внимание.

unsplash

„Трошењето“ време во природна средина бара помалку „мозочна моќ“, бидејќи не треба да се фокусираме толку многу на специфични стимули или задачи. Природата предизвикува моментални емоционални одговори и помалку негативни чувства.

Резултатите од истражувањето ја покажуваат важноста на дури и најмалите зелени површини за намалување на стресот и може да бидат важни размислувања во локалното планирање, урбаниот развој и здравствената и социјална грижа.

unsplash

Навистина е потребно интегрирано размислување за еколошки фокусирани урбанистички стратегии и иницијативи за повеќе зелени површини затоа што значително влијаат врз перцепцијата на луѓето, здравјето и нивната благосостојба.

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....