Кејт Мидлтон (38) и принцот Вилијам (39) преку видео-повик се обратија кон здравствените работници во Австралија кои се на првата линија на одбраната од коронавирусот, а медиумите со воодушевување пренесоа како изгледала прекрасната Кејт.

Војвотката од Кембриџ, односно некрунисаната „кралица на рециклирањето“ кога е модата во прашање, пријатно ја изненади јавноста кога се појави во жолт фустан со средна должина и потпис од една од најценетите модни дизајнерки во Велика Британија – Роканда Илинчиќ, која по потекло е од Србија.
Станува збор за интересен модел со ракави скоро до лактот, отворот кај главата е во форма на квадрат, фустанот е сечен под градите, а најинтересниот детал е „сударот“ на впечатливо жолтата и бела боја, посебно во долниот дел, каде белата боја изгледа како вметната ткаенина и ја разбива монотонијата.

Кејт во овој фустан кој чини 900 фунти, прв пат јавноста ја виде во 2014 година за време на посетата на Сиднеј.
Потоа, таа е забележана во 2016 година на еден меч во Вимблдон.

Овој пат таа го дополни изгледот со златни обетки во облик на лист од прочуениот брен Кетрин Зораидиа, за кои Дејли Мејл пишува дека чинат 165 фунти.