20.3 C
Скопје
02:09 - 3 август, 2026

Во недостаток на храна, поларните мечки се јадат едни со други: Некои ги јадат и своите младенчиња!

Руските научници се изненадени со феноменот кој станува сè позачестен на Арктикот, а при кој доаѓа до појава на канибализам меѓу поларните мечли. Како причина за ова се наведуваат климатските промени и експлоатирањето на фосилното гориво на споменатото подрачје, пренесува Дејли мејл.

Топењето на мразот предизвикано од глобалното затоплување, но и подигнувањето компании на подрачјето на Арктикот, им ја одзема можноста за лов на поларните мечки, па тие во потрага по храна се напаѓаат меѓусебе, а почнуваат да ги напаѓаат дури и своите младенчиња.

Profimedia

„Случаите на канибализам во ретки случаи им се познати на научниците и од претходно. Извор на нашата загриженост е што појавата на канибализмот стана толку честа што сега мечките ги напаѓаат и женките со младенчиња“, рекол научникот Илја Мордвинцев, експерт за поларни мечки.

На презентацијата во Санкт Петербург тој истакна дека за подемот на канибализмот меѓу поларните мечки веројатно е одговорен недостигот на храна.

„Во некои периоди едноставно нема доволно храна и поголемите мажјаци ги напаѓаат женките со мали мечиња“, рече тој.

Но додаде и дека можна причина за тој пораст е и фактот што повеќе луѓе работат на Арктикот и ги бележат ваквите случаи.

– Подрачјето околу Опскиот Залив и Баренцовото Море, каде што ловат поларните мечки, сега е фреквентна маршрута за бродовите што носат течен природен гас. Недостатокот на мраз и санти мраз кои пловат го намалува бројот на фоките кои престојуваат или се одмораат на нив. Обскиот залив, кој отсекогаш бил место за ловење на поларните мечки, веќе ја нема таа функција. Мразот на тоа место сосема е испукан. Сега имаме информации не само од научници, туку и од сè поголем број работници на нафтени платформи и вработени во Министерството за одбрана“, нагласи Мордвинцев.

Научниците потврдија и дека мечките по убиството на припадник од својот вид неговото тело го покриваат со снег и мраз за да можат да го искористат и подоцна.

Профимедиа

Слични објави

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо

Една одлука може да ти го промени животот – дали си подготвена за следниот чекор?

Еспресо

(Фото) Секоја прослава е посебна приказна со декорациите на „Магични моменти“

Еспресо

Елеганција, природа и незаборавни моменти – Villa Diva е совршен амбиент за незаборавна моминска вечер

Еспресо

(Фото) Паметна инвестиција: Зошто мебелот од Wood Room е вистински избор?

Еспресо

(Фото) За секоја прослава што заслужува совршена атмосфера, Villa Diva е изборот што остава впечаток

Еспресо
Се вчитува....