Оваа кампања ја поддржа и познатата манекенка Емили Ратајковски.
Дали сте слушнале за „Januhairy“?
„Влакнест јануари“- во превод на македонски, кампања на социјалните мрежи која ги слави влакната на женското тело, а која во 2019 година ја покрена Британката Лаура Џексон.
– Иако се чуствувам самоуверено околу своите влакна, некои луѓе тоа не го разбираат и ме осудуваат бидејќи не се бричам, па сфатив дека сама не можам да ги променам наметнатите стандарди за убавина – објаснила минатата година Џексон за „Би-Би-СИ“.
View this post on Instagram
Всушност, нејзината цел е да ги потикне жените во јануари (но, ако сакаат и во остатокот од годината), да престанат да се депилирааат и гордо да ги покажат своите влакна на социјалните мрежи со цел да се срушат постоечките „бјути“ стандради.
На истото минатата година повика и славната манекенка Емили Ратајковски, која за „Harper’s Bazaar“ гордо ги покажа своите влакнести пазуви.
– Собраните средства од кампањата ќе ги донираме во организација за заштита и чување на околината „TreeSisters“, пишува на објавата на Фејсбук.