10:24 - 13 ноември, 2026

ВИДЕО | Необичен природен феномен во Ирска: Поради невремето морето личи на пенливо капучино!

youtube

На социјалните мрежи се појави видео од Ирска, каде е забележан интересен феномен предизвикан од невреме, па многумина се пошегуваа дека потсеќа на вкусен пенлив пијалак како капучино.

Деновиве жителите на полуостровот Дингл во Ирска беа сведоци на навистина реток природен феномен. Имено, поради силните ветрови предизвикани од невремето „Бела“ алгите од морското корито почнале да лебдат на површината на морето и дополнително ја пенеле водата.

„Отидовме на прошетка до пристаништето со сестра ми… Она што го видовме беше навистина неверојатно“, напишал авторот на видеото.

Снимката од интересната појава брзо се прошири на социјалните мрежи, видете како изгледа целиот залив:

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.
Се вчитува....