22:52 - 22 декември, 2024

„Убиствените“ тоалети од црвениот тепих на Оскарите 2020: Креации кои од фигурата прават поезија (ФОТО)

Сезоната за доделување награди заврши утрово со ултрагламурозната церемонија на Оскарите, и изненадувачки, омилените sвезди не разочараа со своите модни избори.

Црвениот тепих на Оскарите, освен што е глобален феномен последниве децении, туку е и мало трендовско предвидување за сè она што ќе се случува во модната индустрија во текот на годината.

Пенелопе Круз и Марго Роби своето идеално издание го побараа во модната куќа „Шанел“, а Натали Портман испрати феминистичка порака со елегантната наметка со потпис на креативната директорка на куќата „Диор“, Марија Грациа Чисури.

Пенелопе Круз/Profimedia

 

Марго Роби/Profimedia
Натали Портман/Profimedia

Потпишана од истата куќа, тоалетата на Шарлиз Терон беше ода на нејзините облини. Тоа е воедно и еден од трендовите за оваа година – стил кој му ласка на телото, а ѝ годи и на харизмата и делува како да се носи со леснотија.

Шарлиз Терон/Profimedia

Во тој дух се појавија Лора Дерн и Рене Зелвегер во беспрекорно скорените фустани на „Армани прајв“, кои од фигурата прават поезија.

Рене Зелвегер/Profimedia
Profimedia

На другиот крај од стилската скала секогаш посебната Били Ајлиш, во комплетот на „Шанел“, кој повеќе наликува на тренерки.

Били Ајлиш/Profimedia

Приказната за одржливата мода, која во подеднаква мера е и луксузна, ја нагласија Кејтлин Девер, која се појави во фустан на „Луј Витон“ и се приклучи на иницијативата Red Carpet Green Dress, чија задача е да ја зајакне идејата за одржлива мода во свечените прилики.

Кејтлин Девер/Profimedia

Кон иницијативата се придружи и Саорис Ронан, за чие бајковито „Гучи“ издание е користена истата ролна од ткаенината од која беше направена нејзината тоалета на доделувањето на Бафта наградите.

Саорис Ронан/Profimedia

Хоакин Феникс истраја во својот личен стилски предизвик во текот на целата сезона на престижни награди да го носи истото одело на Стела Мекартни.

Фото: Профимедиа

Били Портер, кој секогаш го привлекува вниманието со своите модни комбинации повторно си остана доследен на себеси.

Били Портер/Profimedia

Во продолжение погледнете уште неколку впечатливи тоалети од црвениот печат.

Скарлет Јохансон/Profimedia
Жанел Монае/Profimedia
Селма Хаек/Profimedia

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....