5.8 C
Скопје
00:17 - 1 април, 2026

Три позитивни промени што ќе ги почувствувате кога ќе престанете да јадете бел леб барем еден месец

Лебот за повеќето луѓе е омилена намирница без која не можат да замислат ниеден оброк.

Во продолжение прочитајте што ќе се случи во вашето тело ако од исхраната сосема го исфрлите белиот леб.

Ќе ги загубите килограмите предизвикани од водата

Белиот леб е преполн е со јаглени хидрати, а откако нагло ќе ги исфрлите, на вашето тело ќе се забележи речиси моментално губењето на килограми. Не станува збор за инстант- слабеење, туку за губење на водата што е „врзана“ во телото.

Нема постојано да бидете гладни

Преработените јаглени хидрати со кои е преполн лебот во организмот предизвикуваат нагло подигнување на шеќерот во крвта, кој потоа многу брзо паѓа. Овие промени на мозокот му испраќаат нејасни сигнали кои го зголемуваат чувството за глад и желбата за храна поради која се дебелееме. Но тоа не значи дека од вашата исхрана морате во потполност да го исфрлите лебот, туку белиот леб да го замените со хроно леб направен од цели житарки, кој го регулира шеќерот во крвта.

Ќе ви се зголеми енергијата

За разлика од интегралниот или од црниот леб, белиот леб не содржи влакна кои се заслужни за нормално работење на цревата, а со тоа и го регулираат варењето. Откако ќе го исфрлите белиот леб од исхраната, организмот почнува нормално да функционира. Исто така, јагленохидратите се храна и гориво за мозокот. Ако се квалитетни, мозокот ќе работи нормално, но ако храната не е здрава, телото реагира негативно и се појавува чувство на замор.

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....