16.8 C
Скопје
16:44 - 16 март, 2026

Славните дами кои воодушевиле со своите фустани на венчавките! (ФОТО)

Светските ѕвезди се познати по необичните венчавки за кои со години се зборува, но една работа за сите нив е заедничка. Многу познати дами на својот посебен ден не сакале да блескаат само во венчаницата, туку да го фасцинираат светот и со другите фустани во кои се пресоблакаат за време на венчавката, пишува Huff Post.

Овие познати невести ги воодушевиле сите присутни на својата венчавка кога се појавиле во друго издание пред гостите.

1. Криси Тиген

Кога се венчаше за Џон Леџенд, Криси Тиген два пати се пресоблече и носеше дури три фустани од Вера Ванг. На венчавката која се одржала во септември 2013 година во Италија, близу езерото Комо, прво носела венчаница, па сирена фустан во бела боја, а на крај темноцрвен фустан.

„Секој пат кога ќе отидев да го пробам фустанот, ќе земев уште еден. Толку се прекрасни“, изјавила таа непосредно после венчавката.

2. Хилари Даф

Кога во декември 2019 година се венчаше за пејачот Метју Кома, Хилари Даф носеше венчаница од британската дизајнерка Џени Пакхам, после што се пресоблече во дводелен светликав златен фустан.

3. Кејт Аптон

Модел од спортското списание Sports Illustrated, Кејт Аптон, се омажи за бејзбол играчот Џастин Верландер во ноември 2017 година во Италија. За време на свеченоста носела венчаница од Валентино со чипкасти ракави, а после тоа се пресоблекла во проѕирен фустан со бисери и отворен грб, кој бил направен во студиото Кристи Рилинг, а во чие правење учествувала и самата Кејт.

View this post on Instagram

Late night look

A post shared by Kate Upton (@kateupton) on

4. Хејли Бибер

Кога во септември 2019 година се омажи за Џастин Бибер, Хејли смени три фустани. Прво ја носела венчаницата од Виргила Аблоха, чипкан фустан без рамена и со вел на кој пишувало „Додека смртта не не раздели“, а потоа се пресоблекла во Ралф и Русо фустан со отворен грб, за вечерта да ја заврши играјќи во Вера Ванг фустан.

5. Серена Вилијамс

Тенискиот првак се омажи во ноември 2017 година со коосновачот на Редит, Алекс Оханиан. Таа за време на венчавката носела фустан од брендот Александар Мекквин, кој го дизајнирала Сара Буртон, а вечерта заблескала во кратка Версаче венчаница со здолниште од предуви.

Слични објави

„Не постои толку мека перница како мирната и чиста совест“: Уживајте во овие мудри зборови за животот, љубовта, среќата…

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

Страв стар со векови: Седум работи кои според верувањата носат несреќа на петок 13

Еспресо

Ни доаѓа најхаотичниот ден во последните 45 години: Ќе се совпадне речиси сè што не треба, предупредуваат астролозите

Еспресо

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

Какво лето нè очекува? Метеоролозите го палат алармот: „Едно е сигурно, ќе паѓаат рекорди!“

Еспресо
Се вчитува....