05:38 - 3 април, 2026

Славчо Попоски најавува сè повисоки температури, воздушна маса од Африка, многу топол бран

– Под влијание на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка, и понатаму во следниот период времето во Македонија ќе се задржи МНОГУ ТОПЛО и сончево со мала локална облачност. Сепак во попладневните и во вечерните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На некои места ќе има услови за локална појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 39 степени, а Ув – индексот ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10. И во Скоспкиот регион во следниот период ќе се задржи МНОГУ ТОПЛО и сончево. Сепак во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност. Температурите ќе се искачуваат до околу 35 степени. Напомена: Поради релативно високата влажност во воздухот, во следниот период температурите ќе се чувствуваат како да се повисоки од релано измерените – вели мето прогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....